Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Каевски на Конференција на тема „Зошто Закон за млади во Р.М.“

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk nmsm

Денес директорот на Агенција за млади и спорт присуствуваше на конференцијата „Зошто Закон за млади во Р.М.“, која беше организирана од страна на Националниот младински совет на Македонија.

Во своето излагање тој ја потенцираше важноста од креирање на вакво законско решение кое ќе ги штити интересот и правата на младите луѓе и ќе овозможи регулација на младинските прашања.

Печати

Одличен настап на младите македонски претставници во Боцвана

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams mladi olimp

Шест македонски млади натпреварувачи по природни науки настапија на Меѓународна Олимпијада, која од 2-12 декември се одржа во Габороне, Боцвана.

Три бронзи во три различни категории освоија Дарко Стојчев од СОУ Добри Даскалов од Кавадарци,  Димитар Џорлев од СОУ Јане Сандански од Струмица и Мила Ивановска од СОУ Јосип Броз Тито од Битола.

Печати

Наградени најдобрите ,,Млади Уметници”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk izlozba

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски на свеченоста по повод проектот ,,Млади Уметници”ги додели наградите и со тоа ја означи за отворена изложбата од пристигнатите дела на млади автори во Националната галерија на Македонија, објект Мала Станица.

Проектот ,,Млади Уметници" започна со објавување Конкурс од страна на Агенцијата за млади и спорт во пет категории (сликарство, скулптура, фотографија, графика и графички дизајн) каде независна комисија од познати уметници ги избра најдобрите. Сите заинтересирани љубители на уметноста, авторските дела на младите уметници, можат да ги погледнат во Националната галерија на Македонија, објект Мала Станица-2.

Печати

Стоп на пороците кај младите

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams

Агенцијата  за млади и спорт продолжува со имплементација на Проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’. Спроведувањето на  Проектот продолжува во Општина Кисела Вода  и Општина Куманово со реализација на едукативните работилници каде  се опфатени учениците од   VII/ VIII и IX  одделение.  Работилниците   се реализират од странана   Агенцијата за млади и спорт во соработка  со Црвен Крстна  Република Македонија.

Печати

“Трофеј Македонија“ – Балканската карате елита во Скопје

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres trofej

Еден од поголемите меѓународни спортски настани на територијата на Македонија е секако карате турнирот Трофеј Македонија, кој утре, со почеток од 10 часот ќе се случува во СЦ Кале.

По тој повод, Агенцијата за млади и спорт и Карате Федерација на Македонија организираа прес конференција.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија