Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Прием за бодибилдинг и фитнес учесниците на Балканското првенство во Грција

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams bbf

Директорот на АМС, Дарко Каевски ја прими бодибилдинг и фитнес репрезентацијата на Северна Македонија, по успешниот настап на Балканското Првенство на Крф во Грција.

Печати

ЗАПОЧНУВААТ КОНСУЛТАЦИИТЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО И МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams zakon mladi

Почнуваат првите консултации за нов Закон за младинско учество и младински политики во Северна Македониja, на кои младите од целата држава ќе имаат можност да го кажат своето мислење и ставови за предлог текстот на Законот.  Во текот на следната недела во Скопје, Струмица и Штип ќе се одржат јавни дебати на кои ќе се дискутира содржината на предлог текстот, како и потенцијални насоки за подобрување на Законот за да одговара на потребите на младите во Северна Македонија.

Печати

Потпишување на договорите со невладини организации

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams nevladini

Согласно Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите, Комисијата ги разгледа апликациите и достави извештај до директорот на Агенцијата за млади и спорт, со што беше донесената конечната одлука за финансиска поддршка на невладините организации.

Претставници од сите невладини организации, кои влегоа во редот на добитници на средства, денес во Агенцијата за млади и спорт ги добија договорите за соработка.

Печати

Реализација на активности од кампањите против насилство и безбедност во сообраќајот кај младите

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams kampanja

Агенцијата за млади и спорт  во изминатиот период реализираше едукативно-информативни настани како дел од кампањите „Насилството раѓа насилство. Сопри го, не го разгорувај“ и „Почитувај ги сообраќајните прописи, почитувај го животот. Не пиј додека возиш!“.

Во склоп на едукативно-информативните настани, беа посетени средните училишта во Градот Скопје, ,,Здравко Цветковски”, ,,Арсени Јовков”, ,,Браќа Миладиновци”, ,,Марија Кири Склодовска” и ,,Михајло Пупин”, од страна на членовите на Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот и вработените од Секторот за превенција при СВР Скопје од Министерство за внатрешни работи.

Печати

Донесена одлука по огласот на Агенцијата за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2019 година

вклучено . Објавено во Соопштенија

Ams slika 1

По одобрените финансиски средства за поддршка на невладините организации за реализација на проекти од областа на младите, Агенцијата за млади и спорт објави Оглас за финансиска поддршка на здруженија со број 12-303/2 од30.01.2019 година.Огласот за финансирање на невладините организации се однесуваше во насока на поддршка на активности кои се однесуваат на младите, развој на статусот на младите во општеството, остварување на правата и обврските на младите, едукација, унапредување на статусот на маргинализираните групи на млади лица, поттикнување на критичната мисла кај младите, потикнување на научни и истражувачки активности кај младите и младинската работа.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија