Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams sah

Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција беше свечено пуштен на церемонијата на отворањето, што се одржа на во хотелот Хилтон, во Скопје.

Претседателот на Европскиот шаховски сојуз г-дин Зураб Азмаипарашвили ги поздрави сите учесници и гости, укажувајќи на важноста на настаните како што се Европското првенство во шах. Тој им посака на сите играчи фер игра и добри резултати и го прогласи шампионатот официјално отворен.

Печати

Консултативна средба со младински организации

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk i nmo

Денес во просториите на Агенција за млади и спорт, се одржа консултативна средба со младински организации на која се разговараше за активностите кои се планираат во следниот период, а исто така беше потенцирана важноста за континуираната соработка помеѓу АМС и младинските организации.

На состанокот директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски, ги образложи активностите кои се планираат во следниот период и процесите за кои како институција сме надлежни да ги имплементираме во областа на младите и младинското учество.

Печати

21 медал за репрезентативците во џиу-џица од „ABU DHABI PRO ZURICH 2019"

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams priem xiu

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски организираше прием за претставниците од Џиу-Џицу федерацијата  по успешниот настап во Швајцарија.

Имено, Maкедонската репрезентација во бразилска џиу – џица во Швајцарија на престижниот силен меѓународен турнир „ABU DHABI PRO ZURICH 2019" направи голем успех.

Печати

Отворен нов тренинг центар

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk sala

Денес, во општина Аеродром, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски заедно претставниците на Општина Аеродром и Карате федерација на Македонија, свечено го пуштија во употреба новиот тренинг центар на карате клубот ,,Олимпик 2007”.

Печати

Билатерална средба со градоначалникот на Плоешти

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk r

Во рамки на посетата на Романија, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски придружуван оддипломатскиот претставник на нашата држава во Романија, Амбасадорот Габриел Атанасов оствари билатерална средба со градоначалникот на градот Плоешти, Адриан- Флорин Добре.

Каевски на средбата потенцираше дека ваквите средби се многу важни особено кога се работи за продлабочување на соработката во областа на спортот, како и за развојот на младинските програми кои европските фондови ги нудат.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија