Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Stop nasilstvo 4

Градот Скопје се приклучи на кампањата на Агенцијата за млади и спорт и Министерството за внатрешни работи за спречување на насилството од каков било вид, со посебен осврт на меѓуврсничкото насилство и говорот на омраза. За целите и активностите што се преземаат како дел од оваа кампања на прес-конференцијата што денеска се одржа во просториите на Град Скопје зборуваа градоначалникот Петре Шилегов, заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Печати

Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

EU NATO KAEVSKI

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на покана на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија учествуваше на финалната конференција на тема “Оспособување на младината за активно учество во процесот на донесување одлуки.

Каевски потенцираше дека со оспособувањето на младината за активно учество во процесот на донесување одлуки ќе се придонесе кон изградбата на младински капацитети и идни лидери и креатори на политики, со цел поддршка на демократските вредности, доброто владеење и вклученоста на поширокото општество во процесите на донесување одлуки во државата.

Печати

Прием на освојувачот на ,,Златниот Гонг” и македонска боксерска надеж Јасин Љама

вклучено . Објавено во Соопштенија

76604983 546315746151162 1612531379495501824 n

По повод освојувањето на ,,Златниот Гонг” директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски  го прими младиот и надежен македонски боксер, Јасин Љама, кој имаше одличен настап на традиционалната спортската манифестација, која се одржува изминативе 50 години.

Каевски му честиташе за големиот успех, и му посака одлични борби во иднина и учество на големите натпревари, како и на Олимпијада.

Печати

Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams poroci

Агенцијата  за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’. Спроведувањето на  Проектот  продолжува  во  Општина Велес, Кочани, Кичево и Пробиштип  со реализација на едукативните работилницикаде  се опфаќаат учениците од   VII, VIII и IX  одделение.  Работилниците   се реализират од страна на   Агенцијата за млади и спорт во соработка  со Црвен Крст на  Република Северна  Македонија.

Печати

Реконструкција на спортската сала во Ресен

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams resen 3

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски извршија увид во работата во спортската сала „Зоран Стојановски“.

Спортската сала во Ресен, е еден од објектите на кои им е беше потребна интервентна реконструкција, во повеќе сегменти, а истата претставува објект во кој спортуваат и рекреираат луѓе од сите возрасни категории од Ресен и околината.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија