Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Пријавете се: АМС заедно со Европската младинска фондација (EYF) организираат работилница за можностите за аплицирање проекти преку EYF

вклучено . Објавено во Соопштенија

EYF

По петте успешни изданија на годишниот семинар на Европската Младинска Фондација, кој се одржа во Европскиот младински центар во Стразбур, а со цел да се стигне до повеќе младински невладини организации, Програмскиот комитет за млади ги одобри настаните на Европската Младинска Фондација во земјите-членки со национален или регионален опсег.

Печати

АМС горда на успехот на младите информатичари

вклучено . Објавено во Соопштенија

Mladi informaticari 3

Агенцијата за млади и спорт е горда на успехот на младите информатичари кои земаа учество на 26. Балканска Олимпијада по информатика (БОИ 2018) и 12. Јуниорска Балканска Олимпијада по информатика (ЈБОИ 2018), што се одржа од 7 до 13 јули во Темишвар, Романија.
Директорот Дарко Каевски им го честита големиот успех и добиените награди и освоени медали и воедно им посакува уште поголем успех на следните меѓународни натпревари. Каевски упати и честитки до тимот кој ги подготвуваше и водеше учесниците на Олимпијадата, за нивното несебично залагање, што доведе и до ваков голем успех.

Печати

Потпишани првите договори со РИКО

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams RIKO

Денес, во Агенцијата за млади и спорт се остварија првите официјални договори за поддршка на проекти, помеѓу РИКО и четирите најдобри рангирани организации на регионално ниво, од кои три невладини младински организации и едно средно училиште.

Претставникот на канцеларијата за регионална младинска соработка Алберт Хани се заблагодари на директорот на АМС за целосната посветеност на младинските политики, како и на претставниците од Германската амбасада во Македонија, за целосната поддршка на младинските организации.

Печати

Претседателот на Европската шаховска унија на прием во АМС

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams_sah_evr_w_1

 

Претседателот на Европската шаховска унија, Зураб Азмајпарашвили и претставници на Македонската шаховска федерација (МШФ) остварија средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски.

Целта на посетата на претседателот на Европската шаховска федерација е потпишување на договор за реализација на Европско поединечно шаховско првенство во Скопје во март, 2019 година.

Печати

Отворен прв центар за спортски трауматизам во Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams otvorawe centar sp trauma w 2

Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје денес се отвори Центар за артроскопија и спорски трауматизам, на кој присуствуваше Министерот за здравство Венко Филипче, д-р Зоран Несторовски, раководител на Одделението за ортопедија и трауматологија, д-р Ненад Петков, ортопедски хирург,  директорот на „8 Септември” д-р Кристијан Костов,хирург – трауматолог,Стефан Богоев, градоначалник на Општина Карпош, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија