Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Одржана седница на Националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска (22.08.2012) во  просториите на Агенцијата за млади и спорт, беше одржана редовна работна седница на  Националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени.

На седницата, членовите го осудија неодамнешниот настан во кој група навивачи  предизвикаа  инцидент на железничката станица „Скопје – Север“ и апелираа за посовесно однесување од страна на навивачите.

 

Печати

ЗАПОЧНА СПОРТСКО ЛЕТО СТРУГА 2012

вклучено . Објавено во Соопштенија

Дел од олимписките дисциплини од денес пред стружани.  Започнува Спортското лето Струга 2012. Овој проект кој го организира и помага Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија годинава се одржува за прв пат, но од таму изразија надеж дека Спортското лето ќе продолжи и во иднина.
 
Бевме на повеќе локации неколку пати, но ја избравме Струга. Мислам дека не згрешивме во изборот, бидејќи Струга е спортски град со голема традиција.“-рече директорот на агенцијата за млади и спорт, Лазар Попоски.
Печати

ЧЕСТИТКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ ДО ДЕЦАТА ОД ДОМОТ "11 ОКТОМВРИ " - СКОПЈЕ

вклучено . Објавено во Соопштенија

Почитувани драги дечиња, идни репрезентативци,

Оваа честитика претставува благодарност и поддршка од целата јавност, за Вашата мотивирана и борбена игра за успешните настапи на Европското куп-финале на детски домови – Унгарија 2012.  

На натпреварот со останатите екипи покажавте како се игра со срце за Македонија и како се претставува Република Македонија под уставно име.

Печати

СПОРТСКО ЛЕТО СТРУГА 2012

вклучено . Објавено во Соопштенија

Почитувани дечиња, граѓани и љубители на спортот, 

Со почеток од 07 Август 2012 година започнува со одржување спортската манифестација "СПОРТСКО ЛЕТО СТРУГА 2012" која ќе трае до 27 Август 2012 година. Местото на одржување ќе биде Машка и Женска Плажа во Струга.
Преку оваа спортска манифестација во Струга, ќе имате можност бесплатно да изберете и да спортувате некој од следните спортови: ватерполо, пливање, нуркање, едрење, кајак, одбојка, бадминтон, пинг понг.
Подетални информации за спортската манифестација СПОРТСКО ЛЕТО СТРУГА 2012 и за распоредот на спортови, можете да добиете на следните телефони:  070/ 380 366 и 078/ 276 969
Печати

Конкурс за доделување на државна награда "8 СЕПТЕМВРИ" во 2012 година

вклучено . Објавено во Соопштенија

Одборот за доделување на државната награда „8 Септември”, врз основа на членoвите 24 и 29 од  Правилникот  за работа на Одборот за доделување на наградата „ 8 Септември“ распишува К О Н К У Р С за доделување на државната награда „ 8 Септември “ во 2012 година.

Со државната наградата “8 Септември” се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници  за остварувања во областа на спортот.

Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија