Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Интервју со Индира Кастратовиќ, поранешен капитен на женската ракометна репрезентација и тренер на ЖРК Вардар

вклучено . Објавено во Соопштенија

Кастратовиќ:  Да се биде професионален спортист го сметам за привилегија бидејќи тоа се едни од ретките луѓе кои го работат од се срце она што го сакаат и од тоа заработуваат.

Спортистот се гради преку натпреварувањето, затоа турнирите се најбитниот дел од креирањето на спортистот. Потребно е да создадеме повеќе клубови, кои ќе бидат финансирани од јаки спонзори, доколку сакаме врвни спортисти кои ќе се истакнуваат преку квалитетни лиги- вели Кастратовиќ

Печати

Започна реконструкцијата на спортската сала во Велгошти, Охрид

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт ја информира јавноста дека се започнати активностите за целосна реконструкција и добивање нов изглед на спортската сала. Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт обезбеди 20 милиони денари наменети за реконструкција на спортската сала во охридското село Велгошти.

Печати

Интервју со Зоран Бошковски-Чоко, асистент тренер, заменик селектор на фудбалската репрезентација до 21 година и член на Советот за спорт

вклучено . Објавено во Соопштенија

Бошковски-Чоко: Победничка селекција не се прави преку ноќ

Спортската академија е одличен проект, кој требаше да ни се случи многу порано. Се надевам и верувам во академијата, како и луѓето кои ја водат, дека ќе се изборат пред сите предизвици и за четири години ќе добиеме една здрава младинска репрезентација- вели Бошковски-Чоко

Печати

Сто деца, еден сон - да станат репрезентативци

вклучено . Објавено во Соопштенија

Веќе еден месец во средното фискултурно училиште успешно функционираат четирите специјализирани паралелки (академии) за фудбал, ракомет, кошарка и за тенис

Триесетина се. Имаат по 14 и 15 години. Испотени се, но неуморно трчаат во салата. Прават и вежби. Погледите им се вперени во тренерот. Тој, пак, е доста строг. Им кажува што да работат и тие слушаат. Никој не забошотува. Се потат, но не се даваат. На некои од нив веќе почнала да им се развива мускулатурата, а други, пак, се слабички. Но сите тие тренираат ракомет затоа што сакаат. Сите имаат еден сон - еден ден да играат во македонска репрезентација.

Овие ученици се најдоброто од Македонија. Сите се дел од ракометната спортска академија, која веќе еден месец функционира во средното фискултурно училиште. Освен академијата (паралелката) за ракомет, има и академија за тенис, за фудбал и за кошарка. За да стигнат меѓу најдобрите, морале да исполнат строги критериуми и да поминат на повеќе селекции. Уште од 1 септември сите деца што се од внатрешноста, бесплатно се сместени и се хранат во ученичкиот дом „Здравко Цветковски“. 

Печати

Посета на Агенцијата за млади и спорт од страна на младински работници од Европа

вклучено . Објавено во Соопштенија

Во периодот 18 до 27 септември, во рамките на програмата Млади во Акција, Здружението на граѓани за младински активизам КВАНТУМ од Скопје организира студиска посета на тема "Unemployed vs. employed tour". Посетата опфаќа 24 младински работници од 12 земји во Европа и тоа Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Италија, Чешка, Романија, Словенија и Холандија.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија