Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Состанок на националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени

вклучено . Објавено во Соопштенија

Националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени денес одржа седница на која заседаваше за последните спортски инциденти и за превземањето идни активности за спречување на спортските инциденти. Работата на телото започна со осуда за последните инциденти од натпреварот помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер.

Печати

Првачињата измамија насмевки кај македонските спортисти

вклучено . Објавено во Соопштенија

По повод детската недела, како и светските денови на насмевката и на учителите, Агенцијата за млади и спорт, заедно со 92 првачиња од основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци и фудбалерите на ФК Вардар, како и кошаркарите на КК Работнички денеска во 10 часот ја посетија скопската Зоолошка градина.

Печати

Соопштение на Агенцијата за млади и спорт во врска со натпреварот помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт најостро ги осудува инциденти предизвикани на натпреварот од Првата фудбалска лига на Македонија помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер.

Уништувањето и демолирањето на фудбалската арена “Филип II Македонски”(градена со средства од сите граѓани на Република Македонија) од страна на навивачите нанесува само недоместлива штета на фудбалот и спортот во Република Македонија.

Печати

Интервју со Милан Илиевски и Остоја Стјепановиќ, фудбалери на ФК Вардар

вклучено . Објавено во Соопштенија

Тимот за кој навиваш се бодри и љуби и кога се победува и кога се губи

Го осудуваме чинот на насилство кој се случи на Арената Филип Втори. Со ФК Пелистер ќе се видиме уште двапати, на гостински и домашен терен, во четвртфиналето, а тогаш треба да покажеме и двете страни дека сме цивилизирани и дека знаеме да навиваме, без кавги и тепачки. Никогаш не треба да бараме виновници кој почнал прв, да бидеме јасни фудбалот се игра на терен, а не надвор од него велат Стјепановиќ и Илиевски

Печати

Успех на Федерацијата на Република Македонија за Бразилската Џиу Џица

вклучено . Објавено во Соопштенија

На Првиот македонски турнир во граплинг ( борба во брзилска џиу џица без кимоно ) под водство на моќната федрација за граплинг ADCC со седиште во Абу Даби, нашите клубови и членови извојуваа победи и ги освоиа постигнаа следниве резултати:

- 3 златни медали - Владимир Величков, Ариан Јусуфи и Муахмед Чевахир;

- 4 сребрени медали - Бојан Диков,Александар Заткоски, Менче Стојаноска и Мики Смиљковиќ;

- 2 бронзени медали - Никола Стефановски и Јанев Ристо.

Сите освојувачи се членови на нашиот клуб за бразилска џиу џица "Д Стронгест - РООТС БЏЏ Македонија".

Убедливо за најуспешен тим беше прогласен тимот на "Д Стронгест - РООТС БЏЏ Македонија" со 29 поени, на второ место беше клубот од Бугарија "Були Тим" со 14 поени, а на трето место беше тимот од Гостивар со 6 поени.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија