Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Промотерите говорат за Спортската Академија

вклучено . Објавено во Соопштенија

Оваа  година за прв пат, во координација на Агенцијата за млади и спорт, Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука,  започна со работа Спортската академија во склоп на Државното средно училиште Методија Митевски-Брицо.

Првата година запишани се 111 ученици, распределени во пет паралелки : фудбал, кошарка и тенис  и две паралелки ракомет.

Целта на овој проект е преку избор на најталентираните ученици, од најрана возраст да се едуцираат и оспособат за постигнување врвни спортски резултати, со што во иднина би биле дел од  националните спортски селекции за фудбал, кошарка, ракомет и тенис.

Печати

Интервју со Ванчо Димовски-македонски репрезентативец во ракомет

вклучено . Објавено во Соопштенија

Димовски: Фалангата ни е потребна во Шпанија

Отворањето на Спортската академија е позитивен чекор бидејќи да се насочи талентирано дете на 14 години кон она што го сака е вистински предизвик, а неговото одржување кон вистинскиот пат секогаш ќе резултира со успех- вели Димовски

Печати

АМС годинава инвестира 6,5 милиони денари во училишните спортови

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска(17.10.2012), во салата на Кошаркарскиот клуб Работнички, со ревијалниот кошаркарски  ALL-STAR натпревар меѓу екипата составена од ученици од средните стручни училишта од Скопје и екипата од гимназиите од Скопје, официјално беше означен почетокот на средноучилишните лиги на Град Скопје за учебната 2012/2012 година. На официјалното отворање присуствуваа директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски заедно со градоначалникот на Град Скопје, г-нот Коце Трајановски под чија надлежност потпаѓаат средните училишта во главниот град.

Печати

Интервју со Наумче Мојсовски-македонски репрезентативец во ракомет

вклучено . Објавено во Соопштенија

Добро е што и кај нас се сетија дека е потребна Спортска академија

Измените на Законот за спорт ќе донесат само позитивности, бидејќи преку него, конечно и ние спортистите ќе имаме заштита. Не е лесно да се игра повеќе од 20 години, како што е примерот со Стевче Алушовски кој има скоро 40 години, активно игра повеќе од пола од нив, а нема ниеден ден стаж- вели Мојсовски

Најпрво честитки за победата над Силкеборг во Данска во Лигата на шампионите. Сите бевме сведоци на неправедноста која се одвиваше на теренот. Како Вие како директно засегнати спортисти ги доживувате направидите?

Мојсовски: Како и секој спортист, така и ние тешко ги доживуваме неправдите, но мора да се продолжи натаму со играта. Катастрофално е тоа што ни се случи во Данска, но правдата на крај победи, а така и ние. И покрај тоа што судиите неретко одлучуваат кој ќе биде победник.

Печати

ЧЕСТИТКА ДО ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

вклучено . Објавено во Соопштенија

Почитувани членови на Фудбалската репрезентација на Македонија,

Агенцијата за млади и спорт Ви ја честита победата против фудбалската репрезентација на Србија.

По несреќните порази од Фудбалската репрезентација на Хрватска, овој пат Вашата умешност и знаење дојде до израз и со победата против Србија, покажавте како се игра со срце на терен.

Воедно Ви посакуваме оваа победничка атмосфера да Ве следи до крајот на квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година.

Ви посакуваме од срце.

АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија