Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Заврши 42-от меѓународен боксерски турнир "Златен Гонг" 2012

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес во Спортскиот Центар "Борис Трајковски" под покровителство на Агенцијата за млади и спорт се одржа 42-от меѓународен турнир во бокс "Златен Гонг" 2012 година. 
На турнирот, посетителите проследија одлични натпревари и добри борби помеѓу боксерите. За освојувач на Златниот Гонг беше прогласен Фатлум Жута од Македонија, кој исто така го освои и минатогодишниот Златен Гонг. Пехарот Златен Гонг му го предаде директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски.
Печати

Одржан меѓународниот џу џитца турнир СКОПЈЕ ОПЕН 2012

вклучено . Објавено во Соопштенија

На ден 10 ноември 2012 година (сабота) во спортската сала "Македонско сонце" нас. Пролет се одржа меѓународниот турниор "СКОПЈЕ ОПЕН 2012" кој  свечено го отвори Директорот на Агенција за млади и спорт м-р Лазе Поповски.
Тоа е традиционален турнир кој трета година по ред се одржува во Скопје и на него учество земаат екипи и репрезентации од Словенија, Црна Гора, Србија, Босна, Бугарија, Турција и Македонија. На турнирот се натпреваруваа деца, кадети, јуниори и сениори во машка и женска конкуренција.
Печати

ДЕН НА ДРВОТО со подршка на спортистите

вклучено . Објавено во Соопштенија

Јубилејната десетта кампања се движи во правец во кој се става акцент на спортистите кои оваа и изминативе години ги постигнаа најголемите успеси на спортско поле, како во екипните, така и во индивидуалните спортови.

Спортистите ги донесоа најголемите спортски успеси за Република Македонија и затоа во јубилејното дессето засадување тие се заштитниот знак за кампањата.

Спортски е да се сади.
За кого?! За Македонија!

Промотивната видео кампања можете да ја погледнете на следниот линк

https://www.facebook.com/photo.php?v=10151277439420318

 

 

Печати

Одржан семинарот "Допингот во спортот"

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска во салата на Советот на град Скопје се одржа семинарот за анти-допинг "ДОПИНГОТ ВО СПОРТОТ" кој го организираа Агенцијата за млади и спорт во сорабтка со Македонскиот олимписки комитет. На семинарот свое учество земаа директорот на Агенцијата за млади и спорт,Лазар Поповски, ген.секретар на МОК Сашо Поповски,  д-р Илија Стоилов - Комисија за анти-допинг при АМС и д-р Зоран Ханџиски -  Комисија за анти-допинг при АМС.

Печати

Во четврток (08.11.2012год.) со почеток во 13.00 часот започнува семинарот "Допингот во спортот"

вклучено . Објавено во Соопштенија

Покана: СЕМИНАР – Анти-допинг

Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија Ве информира дека како дел од активностите за оваа година кои произлегуваат од Програмата за работа на Комисијата за анти-допинг при Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, предвидено е одржување семинар на тема – „Допингот во спортот“.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија