Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

57 години Мавровски меморијал

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams mm gr

Мавровски меморијал е спортска манифестација која го промовира едно од најубавите туристички атракции, Маврово. Натпреварот се одржува во спомен на 38-те градители на електро системот Мавровка и 14 храбри граничари, кои го загубија животот во снежната лавина 1956 година.

Оваа година настанот ќе се одржи од 24 до 26 февруари на патеката Мирна долина, во Маврово, 5ми пат по ред

На прес-конференцијата организирана во Агенцијата за млади и спорт зборуваше директорот Дарко Каевски, како и претставници од одборот за реализација на настанот.

„ Овој настан е во редот на настани кои се на светската мапа за нордиско трчање. и затоа и оваа година ќе се потрудиме да оставиме впечаток на добри домаќини и организатори, и да го направиме овој ФИС натпревар еден од најдобро организираните меѓународни настани на Балканот“, истакна Каевски.

Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт како и секоја година претходно, така и овој пат, финансиски и логистички ќе ја поддржи организацијата на овој меѓународен, традиционален настан, кој првата реализација ја имаше далечната 1962 година.

.На прес конференцијата зборуваше претседателот на Мавровскиот меморијал, Кочо Кирацов, како и селекторот на македонската репрезентација во нордиско трчање Ѓоко Диневски. Освен македонските претставници, свој настап ќе имаат натпреварувачи од Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Грција, Турција, Бугарија, а за прв пат имаме натпреварувачи од Швајцарија и Русија.

Во извонредно силната конкуренција, нашата репрезентација ќе настапи со 10 натпреварувачи, во чиј состав е секако и нашиот најдобар нордиец Ставре Јада, кој ќе има прилика да го потврди евидентниот напредок од последното светско јуниорско првенство.

Обезбеден е пренос од двата натпреварувачки дена на ТВ 24.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија