Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Доделени сертификатите на втората група која ја заврши обуката за претприемништво и деловни вештини

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams sertifikati

Агенцијата за млади и спорт, во насока на развивање на претприемништвото кај младите луѓе,започна со реализацијата на обуки за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини. Токму и во таа насока, денес беа доделени сертификатите на втората група која ја заврши обуката за претприемништво и деловни вештини.

Печати

Објавен ОГЛАСОТ за финансиска поддршка на здруженија и фондации

вклучено . Објавено во Соопштенија

logo ams

Агенцијата за млади и спорт, објавува  оглас за финансирање на невладините организации во насока на поддршка на активности кои се однесуваат на младите, развој на статусот на младите во општеството, остварување на правата и обврските на младите, едукација, унапредување на статусот на маргинализираните групи на млади лица, поттикнување на критичната мисла кај младите, потикнување на научни и истражувачки активности кај младите и младинската работа. Младинските невладини организации имаат можност да аплицираат со поднесување проект до Агенцијата за млади и спорт заклучно со 21.11.2018 година. Во прилог подоле се документите кои можете да ги симнете и од каде можете целосно да се информирате за огласот:

- Oглас за финансиска поддршка на здруженија на граѓани 2018 (Симни тука)

- Предлог проект за НВО 2018 (Симни тука)

- Пријава за финансиска поддршка за НВО 2018 (Симни тука)

Печати

Доделени сертификатите на првата група која ја заврши обуката за претприемништво и деловни вештини

вклучено . Објавено во Соопштенија

45767225 322126271717895 1555527113254109184 n
 Агенцијата за млади и спорт, во насока на развивање на претприемништвото кај младите луѓе,започна со реализацијата на обуки за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини. Токму и во таа насока, денес беа доделени сертификатите на првата група која ја заврши обуката за претприемништво и деловни вештини. Младите кои ја посетуваа обуката имаа шанса да ги изучат основите на претприемништвото, за деловните вештини потребни за основање и водење на сопствен бизнис, за претприемачкиот процес, како и за претприемачот како индивидуа.
Печати

Објавен јавен повик за ,,Млади Претприемачи” со шанса да добијат 440 илјади денари

вклучено . Објавено во Соопштенија

logo ams

Агенцијата за млади и спорт, во насока на развој на претприемништвото кај младите луѓе, започна со реализација на сет мерки со што ќе се мотивираат младите за поголемо вклучување.

Токму во таа насока е и новиот јавен повик за младилица со можност да аплицираат со своја бизнис идеја (Бизнис план) со што ќе имаат шанса да добијат 440 илјади денари.

За да може да конкурираат потребно е дабидат државјани на Република Македонија, дасе на возраст од 19 до 29 години и да се вработени или невработени кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

Печати

Европската комисија со пофални зборови за АМС за реализацијата на проектот „Европска недела на спортот“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Be Active

Агенцијата за млади и спорт беше носител на проектот на Европската комисија „Европска недела на спортот“ која во период од 23 до 30 септември се одржа на територијата на цела Европа, како и кај нас.

Европската недела на спортот насловена како #BeActive придонесе за развој на спортот во смисла на активно вклучување на граѓаните, индивидуално и институционално унапредување и промовирање на стилови за водење грижа на здрав живот на секој поединец.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија