Здравствена заштита
ЗДРАВСТВЕНА КОМИСИЈА
Во членовите 51, 52, 53, 54 и 55 од Законот за спортот („Сл. Весник на РМ“ бр. 29/20, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11 и 64/12) е опфатена здравствената контрола на учесниците во спортските активности.
Здравствената контрола не обврзува на правилна систематска и професионална организирана здравствена заштита кај спортистите и учесниците во спортско-рекреативните активности во нашата Држава.
Спортско медицинската контрола кај спортистите и учесниците во спортско-рекреативните активности бара следење, проверување на проценката на здравствениот статус и проценката на функционалните способности.
Лекарскиот преглед помага во пронаоѓање на одреден здравствен проблем, кој може негативно да влијае на секој поединец-учесник во спортот. Па затоа, како еден од условите за настап на спортски натпревар или активности е добрата здравствена состојба.
За сето тоа потребни се специјално обучени лекари-специјалисти во спортската наука, кои со своето знаење, искуство, ќе треба помогнат во проверувањето на здравствената состојба и фунцкионалните способности со цел унапредување на здравјето.
За таа цел на 15.06.2012 година Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија формира Здравствена комисија, која ја сочинуваат:
- д-р Емил Угриновски-претседател на Комисијата,
- д-р Виктор Камилоски-член,
- Проф. д-р Даниела Шукова Стојмановска-член,
- д-р Нада Темелковска-член,
- д-р Слободан Антов-член и
- д-р Слободан Николиќ-член.
Комисијата во својот делокруг на работа во периодот што следува ќе треба да подготви план и програма за работа, како и донесеување на Правилник за здравстена контрола на спортистите од Република Македонија.