Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Реализирани проекти

вклучено .

ПРОЕКТ: МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ

Во соработка со Министерството за образование и наука и Град Скопје во септември 2012 година е предвидено да започне со реализација на натпреварот “Младинско претприемништо за средните училишта” . Со овој проект се негува идејата и се развива претприемачкиот  дух кај младите.

ВЕТЕНО - ЗАПОЧНАТО


 

ПРОЕКТ: МЛАДИНСКИ ИНФОРМАТИВНИ И СОВЕТОДАВНИ ЦЕНТРИ

Со отварањето на првиот младински информативен и советодавен центар во Прилеп во 2010 година, започна реализацијата на овој голем проект кој е од големо значење за младите во Република Македонија. Во наредниот период е предвидено да се отворат три младински информативни и советодавни центри во општините Велес, Штип и Неготино, кој ќе претставуваат центри за младинско делување. Со тоа младите ќе имаат можност да се поврзе во исто време и да разменат идеи и предлози со останатата младина од Европските држави.

ВЕТЕНО - ЗАПОЧНАТО


 

ПРОЕКТ: ЗАКОН ЗА МЛАДИ И СОВЕТИ НА МЛАДИ ВО ОПШТИНИТЕ И ДРЖАВЕН СОВЕТ ЗА МЛАДИ

Во соработка со младинските организации и општините, кон крајот на 2012 година ќе започнат дебати, форуми и советувања за донесувањето на Законот за млади, каде многу јасно и прецизно ќе се опфати младинската политика и делување на младите во Република Македонија. Државниот Совет како независна организација ќе претставува официјален репрезент и носечки столб на делувањето на младите во Република Македонија.  

ВЕТЕНО - ЗАПОЧНАТО


 

ПРОЕКТ САЕМ ЗА МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Во месец јуни беше реализиран Саемот на младински организации во делот на Радовиш Експо 2012. Презентираните активности од страна на младинските организации придонесоа младите да се вклучат во идните активности на младинските организации. Во месец октомври 2012 година ќе се реализира финалниот настан Саем на младински организации во СЦ Борис Трајковски каде што ќе бидат избрани  најдобра младинска организација, најдобар млад работник, и најуспешен проект од бласта на младите.

ВЕТЕНО - ЗАПОЧНАТО


 

ПРОЕКТ : СТОП ЗА ПОРОЦИ

Реализираните предавања за заштита и превенција од пороците на денешницата кои беа реализирани по општините во изминатиот период, беа појдовна точка за понатамошна реализиција на истиот проект. Големата заинтересираност од страна на учениците и родителите и постојаните контакти, придонесоа овој проект да продолжи со реализација и во  наредниот период започнувајќи повторно од септември 2013 година.

ВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО


 

ПРОЕКТ: ЧИСТА ОКОЛИНА

Во првиот циклус на 22 март се спроведоа неколку акции за чистење остатоци од комунален отпад депонирани на несоодветни локации, „Кајак патека“ на реката Треска кај Матка, од селото Жировница по коритото на реката Радика до селото Скудриње, граничен премини Богородица (Гевгелија), Деве Баир (Крива Паланка) и Ќафасан (Струга). Според Акциониот план, втората акција од овој проект се спроведе на 20 април (петок) – по повод  Денот на планетата Земја. Акцијата беше спроведена преку чистење на  крајбрежјето на Дојранското Езеро, Охридското Езеро и Преспанското Езеро. Активности на расчистување како дел од третата акција по повод Светскиот ден на животната средина - 5 јуни беа спроведени и на крајбрежјата на вештачките акумулации: Мавровско Езеро, Дебарско Езеро, Козјак, Калиманци, Езеро Младост, Беровско Езеро, Стрежево, Глобочица како и на патарините на патните правци Скопје  - Куманово, Скопје – Тетово – Гостивар и Скопје – Велес. Во акциите учествуваа голем број познати македонски спортисти и спортски работници како Томи Стефановски, Благоја Георгиевски Буштур, Нико Нестор, Примислав Димовски, Вели Мумин и голем број други спортисти. На крај од проектот, во координација со Пакомак, покрај спортските сали од проектот на Агенцијата за млади и спорт “Изградба на 35 спортски сали” и покрај Спортскиот Центар “Борис Трајковски” беа поставени информативни табли со канти за селектиран отпад, со што се подигна влијанието и свеста за чиста околина.

ВЕТЕНО - ОСТАВАРЕНО


 

ПРОЕКТ ВОЛОНТИРАЊЕ

Голем број  студенти земаа активности во реализацијата на голем број спортски манифестации како дел од организацијата на Златен Гонг (традиционална меѓународна спортска манифестација во бокс), Македонски Бисер (традиционална меѓународна спортска манифестација во борење) и голем број други манифестации. Покрај тоа голем број студенти присуствуваа и активно ја следеа работата на Одделението за односи со јавноста во Агенцијата за млади и спорт.

ВЕТЕНО - ОСТАВАРЕНО


 

ПРОЕКТ МЛАДИ УМЕТНИЦИ

Започнати се подготовки за реализација на проектот Млади Уметници каде што најуспешните млади уметници од државата во сликање, вајарство и фотографија ќе имаат можност во септември да ги изложат своите дела на плоштад Македонија. Изложените дела ќе можат да се купат од страна на заинтересираните граѓани кои ќе ја проследат изложбата.

ВЕТЕНО - ЗАПОЧНАТО


 

ПРОЕКТИ ВО СПОРТОТ

 

ПРОЕКТ: ВЕШТАЧКА КАРПА ЗА СПОРТСКО КАЧУВАЊЕ

Овој проект кој вклучува Вештачка карпа за спортско качување, мал болдер, соблекувална, како и трибини и рефлектори се наоѓа покрај кејот на р. Вардар во Општината Карпош. Инаку Вештачка карпа е највисока во Југоисточна Европа и претставува репрезентативен објкет каде што можат да се одржуваат Светски и Европски натпреварувања. Свеченото пуштање во употреба на Вештачката карпа беше во месец октомври 2011 година.

ВЕТЕНО - ОСТАВАРЕНО

 


  

ПРОЕКТ 100 ТЕНИСКИ ИГРАЛИШТА

Проектот 100 тениски игралишта предвидува изградба на 40 двојни тениски игралишта со два тениски терени и 20 единечни тениски игралишта со по еден тениски терен, на територијата на Република Македонија. Досега изградени тениски терени и пуштени во употреба се во следните општини во Аеродром, Чаир, Дојран, Гевгелија, Вевчани, Карпош, Дојран,  Илинден. Исто така изградени тениски терени и спремни за свечено отварање се во општините Сарај, Бутел, Зелениково, Крива Паланка.

ВЕТЕНО - ЗАПОЧНАТО


 

ПРОЕКТ 50 ФУДБАЛСКИ ИГРАЛИШТА

Проектот 50 фудбалските игралишта се гради согласно меѓународните стандарди за играње фудбалски натпревари, вклучувајки соблекувална за домашна и гостинска екипа на играчи, трибини и рефлектори, како и тревнат терен за игра со соодветна изведба на дренажен систем за одвод на атмосферските води. Досега изградени и пуштени во употреба се Радовиш, Илинден с. Марино, Ѓ.Петров-Хром

Велес, Василево, Карбинци, Неготино, Желино, Битола, Могила, Пробиштип, Чешиново – Облешево, Росоман, Градско, Гевгелија – с.Миравци, Св.Николе, Ѓ.Петров – Волково, Босилово –с.Секирник, Гостивар, Гази Баба – с.Трубарево, Теарце, Лозово, Старо Нагоричане, Прилеп-Тополчани, Тетово, Илинден – с.Кадино, Чашка, Петровец, Штип  н.Суитлак, Аеродром – МЗТ, Валандово

ВЕТЕНО - ЗАПОЧНАТО


 

ПРОЕКТ: ИЗГРАДБА НА СПОРТСКИ САЛИ

ЗАВРШЕНА Е ИЗГРАДБАТА НА 27 СПОРТСКИ САЛИ во општините Валандово, Чешиново-Облешево, Пехчево, Македонски Брод, Илинден, Брвеница, Свети Николе, Ѓорче Петров, Гази Баба, Бутел, Берово, Ново Село, Боговиње, Жеровјане, Штип, Куманово, Кисела Вода, Липково Слупчане,  Злетово, Центар ФФК, Битола УКИМ, Сарај, Кичево, Демир Хисар, Тетово, Порој. Во почетокот на 2012 година пуштена во употреба беше спортската сала Македонско сонце во општина Центар, додека во процес на градба се спортските сали во Куклиш-општина Струмица, Маврово – Ростуша, Чаир, Крива Паланка.

ВЕТЕНО - ЗАПОЧНАТО


  

ПРОЕКТ ДРЖАВНИ УЧИЛИШНИ ЛИГИ СО СПОРТСКИ КАМПЗА НАЈДОБРИТЕ СО ПОЗНАТИ СПОРТИСТИ И СПОРТСКИ ТРЕНЕРИ И ДРЖАВНИ УНИВЕРЗИТЕТСКИ ЛИГИ

Во делот на организација на државните училишни спортски натпревари ги потикнавме учениците за масовно вклучување во спортските активности на училиштата преку натпреварите  на општинско, зонско, регионално и државно ниво во екипни и индивидуални спортски дисциплини, а за најуспешните ученици кои се натпреварувале и оствариле висок резултат во училишните лиги организиравме летен училишен камп со спортските ѕвезди од Mакедонија во времетраење од 7 дена. Со завршувањето на средното училиште и запишувањето на факултет, студентите продолжуваат со натпревари во државните универзитетски лиги. Студентите се натпреваруваат во лига-систем по двокружен бод помеѓу сите универзитетски екипи по примерот на сад. Ова придонесе покрај квалитетен развој на универзитетскиот спорт на република македонија, да создадеме и врвен квалитет за настапување и презентирање на република македонија на меѓународен план.

ВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО


  

НАЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ ПРИЗНАНИЈА – СПОРТСКИ ПЕНЗИИ ЗА ВРВНИТЕ СПОРТИСТИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА НИВНАТА КАРИЕРА

Агенцијата за млади и спорт ја реализира идејата за доживотна награда во вид на спортска пензија за спортистите кои ја презентирале нашата држава во минатото, кои биле наши амбасадори на спортското поле, наши државни херои. Со ваков вид признание се стекнаа и во иднина ќе се стекнат спортистите кои освоиле медал на олимписките и параолимписките игри, како и на светските и европски официјални натпреварувања.

            ВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО


 

СТИПЕНДИЈА СПОРТСКА НАДЕЖ – ЗА ТАЛЕНТИРАНИ МЛАДИ СПОРТИСТИ ДО 20 ГОДИНИ (500 СТИПЕНДИИ СЕКОЈА ГОДИНА)

Во текот на 2008 година започнавме со доделување на 500 стипендии за млади спортисти во 10 месечни стипендии во висина од 20 проценти од просечна месечна плата во Република Македонија (4200  денари). Со тоа ги потикнуваме децата и младината да се занимаваат активно со спорт и ги отргнуваме од пороците на 21 век.

ВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО

 

ПРОЕКТ: СПОРТСКА АКАДЕМИЈА (фудбал, кошарка, ракомет и тенис)

Со почетокот на учебната 2012 година во месец септември ќе започнат посебни паралелки за фудбал, кошарка, ракомет и тенис во средното фискултурно училиште “Методија Митевски – Брицо” во Скопје за фудбал, кошарка, ракомет и тенис. Сите талентирани млади спортисти ќе тренираат по два пати на ден со избрани тренери на конкурс.  Селектираните талентирани спортисти ќе добиваат стипендија Спортска надеж во вредност од 4200 денари и ќе бидат сместени во средношколскиот училишен дом “Здравко Цветковски – Гуц”. Спортската академија ќе претставува база за создавање на идните македонските репрезентативци.

НЕВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО


 

ПРОЕКТ: ПРОФЕСИОНАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СПОРТ

Со законските измени, ќе се добие јасна слика за сопственичката структура на професионалните спортски клубови - акционерски друштва. Со тоа клубовите ќе имаат можност да излезат од финансиските тешкотии со што ќе понудат соработка и ќе привлечат голем број приватни компании, а исто така со добро раководење ќе имаат и можност да остварат профит кој ќе биде вложен во клубот. Самите вложувачи акционери ќе имаат свои права кои ќе ги остваруваат.  Со оваа мерка ќе се придонесе кон следење на европските и светските искуства каде што најголемиот број на клубови функционираат како акционерски друштва, регулирање и утврдување на сопственоста и сопственичката структура на клубовите,привлекување на повеќе спонзори и приватни компании кои ќе инвестираат во спортските клубови и  поголеми можности за остварување профит од истите.

НЕВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО


 

ПРОЕКТ: ТРЕНЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ

Со цел подобрување на спортските резултати на македонската сениорска репрезентација, но и во насока на развивање на младинските категории, Агенцијата за млади и спорт во соработка со националните спортски федерации, им овозможи на македонските тренери да отидат во реномиран странски клуб на усворшување и на самото место да се запознаат со работата на тренерите на големите европски клубови. Беа испратени двајца македонски тренери ( Жикица Тасевски и Тони Јакимовски) на двонеделен престој во познатиот фудбалски клуб Интер. Освен во Интер, во натамошната фаза ќе бидат испратени и тренерите Висар Ганиу и Љубодраг Милошевиќ во фудбалскиот клуб Херенвен (Холандија). Проектот ќе продолжи и со останатите национални спортски федерации.

НЕВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО


 

ПРОЕКТ: УКИНУВАЊЕ НА ЦАРИНАТА ЗА ДОНАЦИИ ЗА НАЦИОНАЛНИТЕ СПОРТСКИ ФЕДЕРАЦИИ

По реализираните состаноци со националните спортски федерации и остварените разговори во насока на подобрување и унапредување на финансиските активности на федерациите, Агенцијата за млади и спорт покрена иницијатива до Царинската управа на Македонија за укинување на царината за спортските реквизити добиени како донација од странство, а наменети за спортските федерации, која иницијатива беше прифатена и изгласана во Собранието на РМ.

НЕВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО


 

ПРОЕКТ: ДОЕДУКАЦИЈА НА ПРОФЕСОРИТЕ ПО ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ И ЗДРАВСТВЕНО ВОСПИТАНИЕ

Сите професори по физичко образование и здраствено воспитание од основното и средното образованиево Република Македонија во јуни 2012 година ќе следат обуки за доедукација и надградба на образованието. Обуките ќе бидат спроведени во три региони: Скопски, Источен и Западен регион. Проектот ќе се одвива во координација со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Факултетот за физичка култура- Универзитет “СВ. Кирил и Методиј” , Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Универзитетска Спортска федерација на Македонија.

НЕВЕТЕНО – ЗАПОЧНАТО

 


 

ПРОЕКТ: СОРАБОТКА И ПОДРШКА ОД СТРАНА НА КИНЕСКАТА ВЛАДА И КИНЕСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ ВО ДЕЛОТ НА РАЗВОЈОТ НА СПОРТОТ И СПОРТСКИОТ ТУРИЗАМ

Средба со високи претставници на Кинеската Влада и Кинескиот Олимписки Комитет во насока на поддршка на македонскиот спорт и спортски туризам. Преку контактите и соработката со НР Кина и преку моќта на силните спортски федерации од Народна Република Кина започнува реализацијата за подигнување на нивото на тренажниот процес на врвниот спорт во Република Македонија. Покрај тоа, со оглед на сооченоста на повеќето спортови во нашата земја со голем број технички недостатоци и опрема, преку техничко потпомагање на спортовите во Република Македонија од страна на повиканите спортски структури од НР Кина (по принцип на донации) за кои кинеската страна ќе смета дека се во состојба истото да го сторат, ќе се придонесе за обнова на спортските центри и спортско-туристички места. 

НЕВЕТЕНО – ЗАПОЧНАТО


 

ПРОЕКТ: СПОРТСКА АКАДЕМИЈА

Врз основа на иницијативата на Владата на Република Македонија и законските можности дадени во Законот за средно образование,  Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Агенцијата за спорт и млади подготвија проект за воведување на нови паралелки во Државното средно училиште Методија Митевски – Брицо во коишто ќе се образуваат и тренираат млади фудбалери, ракометари, кошаркари и тенисери.

Целта на проектот е да се изберат најталентираните ученици за да се образуваат и оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати, да се подготвуваат од рана возраст, со знаење и квалитет, да бидат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис. Наставата и тренажниот процес на учениците во  државното средно училиште ќе започне од учебната 2012/13 година.

НЕВЕТЕНО – ЗАПОЧНАТО

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија