Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Донации и хуманитарни акции од страна на АМС

вклучено . Објавено во Хуманитарни Акции

АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ ДОНИРАШЕ СПОРТСКА ОПРЕМА ВО ПОУ Д-Р ЗЛАТАН СРЕМЕЦ (04.12.2012)

Поповод донацијата од спортски и рекреативни реквизити со куклена претстава, рецитал и многу детски песнички, децата од Посебното основно училиште Д-р Златан Сремец, денеска, 04.12.2012 година (ВТОРНИК), во 9 часот го пречекаа директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски, заедно со студентите од Филизофскиот факултет-Скопје, од отсекот Социјална работа и социјална политика, како и триесетина волонтери на Црвениот крст центар.


Со денешната активност, Агенцијата за млади и спорт ги одбележа Меѓународниот ден на лицата со хендикеп и Интернационалниот ден на волонатризмот.

Директорот Поповски, рече дека се надева дека со оваа дониција, дечињата од ПОУ д-р Златан Сремец, поквалитетно ќе ги поминуваат своите училишни денови.

- И овој пат, Агенцијата за млади спорт мислеше на децата и на нвните потреби. За таа цел, денеска донираме спортски реквизити со преку кои ќе им го разведриме денот на дечињата од ПОУ д-р Златан Сремец. Но, нашето залагање нема да застане тука. Ние и понатаму ќе продолжиме да им помагаме на оние на кои тоа им е потребно- рече директорот Поповски.

По завршувањето на претставата, дечињата од ПОУ д-р Златан Сремец, заедно со волонтерите од Црвен крст-Центар и студентите по социјална работа и социјална политика, своите активности ги продолжија во дворот на училиштето. Најпрво се играше кошарка, а потоа започнаа и со акција на бојадисување на фасадата и оградата на училиштето.

 

ДИРЕКТОРОТ ПОПОВСКИ ГО ОДБЕЛЕЖА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП СО ДЕЦАТА ОД ПОУ ИДИНИНА (03.12.2012)

По повод Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, денеска (03.12.2012), директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски, во придружба на министерот за образование и наука, м-р Панче Кралев, го посети Посебното основно училиште Иднина во општината Чаир.

    

Целта на посетатата беше доделување на донација од спортски реквизити, од страна на Агенцијата за млади и спорт, на ПОУ Иднина.

Директорот Поповски рече дека со оваа донација на дечињата од ПОУ Иднина ќе им се овозможи подобрување на начинот на инскористувањето на слободното време.

- Годишното одбележување на овој ден има за цел да ги промовира разбирањето на потребите на лицата со инвалидност, разбирање на нивните права и промоција на придобивките како резултат на интеграцијата на лицата со инвалидност во секој аспект на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот- рече Поповски.

Директорката на ПОУ Идинина, Анета Петровска, рече дека оваа донација е од големо значење на нејзионот училиште, бидејќи спортските реквизити кои ги добиле им биле навистина потребни за секојдневната социјализација на децата.

- Сакам да упатам голема блаодарност од Агенцијата за млади и спорт, која на овој голем ден, Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, се сети на дечињата од ПОУ Идинина. Среќни сме што ја добивме оваа донација, бидејќи спортските реквизити кои ни ги подаривте, ни се навистина потребни- рече директорката Петровска.
Донацијата на Агенцијата за млади и спорт, која му ја додели на ПОУ Идинина, се состоеше од пинг-понг маси и сетови со топчиња, фудбалски, кошаркарски, ракометни и одбојкарски топки, дигитален фото-апарат и дигитална камера, шаховски и бејкгемон табли, домино сетови, Guess who adult игри, како и мини-систем DVD, ЛЦД проектор, платно за проектор, како и торбица за проектор.

По повод Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, децата од ПОУ Иднина на директорот на АМС и министерот за образование и наука им приредија пригодна манифестација исполнета со песни и игри.

Агенцијата за млади и спорт и понатаму ќе продолжи со своите донации кон институциите на кои им се потребни спортски реквизити. Следната донација ќе биде утре, 04.12.2012 година (вторник) во Посебното основно училиште Д-р Златан Сремец во општината Кисела Вода.

  

ДОНАЦИЈА НА СПОРТСКА ОПРЕМА, СОЦИЈАЛНИ ИГРИ И АУДИО-ВИДЕО ОПРЕМА ЗА ДОМОТ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ “11 ОКОТМВРИ“ (02.11.2012 год.)

    

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски, денес го посети Домот за деца без родители 11 Октомври. Целта на оваа посета беше донација на спортски реквизити, односно две пинг-понг маси, шест пинг-понг сетови, 36 пинг-понг топчиња, четири фудбалски топки, четири кошаркарски топки, по две ракометни и одбојкарски топки, два дигитални фото-апарати, една дигитална камера, шест шаховски табли, четири домино сетови, четири “Guess who adult” игри, како еден мини систем ДВД. Директорот Поповски нагласи дека  овој проект за доделување на спортска опрема на оние кои им е најмногу потребно, кој го спроведува Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи и во следните неколку недели.

Проектот за доделување на спортска опрема на оние на кои им е најпотребна ќе продолжи понатаму, односно и во следните неколку недели. Бидејќи да се спротува значи да се почитуваат вистинските вредности, а тука има многу деца кои сега тренираат во спортски клубови и се љубители на спортот. Се надева дека со оваа донација нивната љубов и страст кон спортотќе се зголеми-рече Поповски.

Директорката на Домот за деца без родители 11 Октомврки Ристенка  Атанасова, потврди дека децата кои се сместени во овој дом се спортски активни. Атанасова смета дека со оваа донација ќе се зголеми нивната љубов кон спортот.

Нашата соработка со Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи и понатака. За 10 работни дена ќе започнеме и со реализацијата на проектот за спортски едукатор каде стручно спортско лице ќе биде директно вклучено во секојдневниот живот на децата. Спортскиот едукатор ќе има за цел да ги мотивира децата и да води грижа за нивниот спортски профил-додаде директорката Атанасова.

ПОСЕТА И ДОНАЦИЈА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ ЗА ДОМОТ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ “11 ОКТОМВРИ“ (07.03.2012 год.)

   

 Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски со цел подигнување на свеста за спорт и спортски активности кај децата без родители од Домот ”11 Октомври” им додели спортска опрема - блузони. Оваа поддршка со спортска опрема, ќе им послужи на децата да заштедат дел од својот домашен буџет и да почнат активно да се занимаваат со спорт и со спортски активности. Директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски на доделувањето на спортската опрема истакна дека наскоро ќе започне изградбата на спортска сала во кругот на Домот ”11 Октомври” со што ќе се заокружи подршката за спортување за овие деца. Со тоа децата од домот, ќе ги имаат сите услови за спорт и правилно насочување во животот.

ДОНАЦИЈА НА СПОРТСКА ОПРЕМА ЗА ДЕЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛИ ОД КОМПЛЕКСОТ НОВИ ЗГРАДИ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (20.02.2012 год.)

  

Агенцијата за млади и спорт со цел подигнување на свеста за спорт и спортски активности кај децата без родители кои се сместени во комплексот нови згради Ѓорче Петров, им додели спортска опрема - маси за пинг-понг, лопатки, топки, рекети за тенис и др. Оваа поддршка со спортска опрема и реквизити, ќе им послужи на овие граѓани од општина Ѓорче Петров да заштедат дел од својот домашен буџет и да почнат активно да се занимаваат со спорт и со спортски активности. 

Директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски на доделувањето на спортската опрема истакна дека подршката за овие деца е од големо значење пред се затоа што спортувањето и спортските активности на децата ќе ги отргнат од пороците и ќе ги насочат кон вистинските вредности во животот.
Покрај тоа, тој додаде дека и понатаму ќе стојат на располагање на децата без родители во делот на спортската подршка. Директорот Поповски на крај истакна дека дел од спортската опрема ќе им биде доделена и на децата без родители од општина Бутел. 
Оваа акција се одвиваше во координација со Здружението на деца без родители од детските домови и дом семејства „Градиме иднина’’ кои се во постојан контакт со Агенцијата за млади и спорт.

ДРУЖЕЊЕ НА ДЕЦАТА ОД СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА СО МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТИСТИ (05.01.2012 год.)

   

Повод Божиќните празници, директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски заедно со кошаркарските репрезентативци Ѓорѓи Чековски, Тодор Гечевски и Ивица Димчевски, репрезентативците во бокс Вели Мумин, Примислав Димовски и репрезентативецот во кајак Атанас Николовски се дружеа со децата од ”Специјална Олимпијада”.Целта на ова божиќно дружење претставуваше интеракција и социјализација на децата од ”Специјална Олимпијада” кои преку разговор, фотографирање и дружење со спортските идоли, им се овозможи радост, забава и среќа. Македонските репрезентативци по повод заедничката дружење ги израдуваа децата со пакетчиња, маици, капи и музички албуми со македонска музика. Децата од Специјална Олимпијада им ги честитаа празниците на македонските репрезентативци и им посакаа многу успеси на спортски план за 2012 година.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија