Print

Објавен огласот за спортските стипендии “Спортска надеж”

on . Posted in Соопштенија

Категоријата спортист – спортска надеж се доделува на спортисти во индивидуални и колективни спортови врз основа на остварени спортски резултати и врз основа на подготвена Ранг-листа на најуспешни млади спортисти до 20 години од соодветниот спорт, доставена од страна на националните спортски федерации. Агенцијата за млади и спорт го утврдува статусот на спортистите од категоријата – спортска надеж по претходно прибавено мислење од соодветната национална спортска федерација.

Националните спортски федерации имаат обврска до 15-ти јули до АМС да достават Ранг-листа на најуспешни млади спортисти до 20 години, како можни кандидати за доделување на стипендијата, како и билтени за остварени резултати и настапи на репрезентациите до 20 години, со аргументи за предложените спортисти.

Правата кои произлегуваат од категоријата спортист - спортска надеж се користат една година, во која се исплаќаат десет месечни парични надоместоци, во висина од 20% од просечната плата исплатена во Република Македонија во претходната година.

Информатички спортски систем