Print

АМС ги награди најдобрите млади програмери

on . Posted in Соопштенија

Денеска, во просториите на Агенцијата за млади и спорт беа доделени наградите за петте најдобри млади програмери, кои победија на државните натпревари по информатика и кои ќе ја претставуваат Република Македонија на Балканската и Светската Олимпијада по информатика и програмирање.

Климент Серафимов, Христијан Ѓоршевски, Борис Танчовски, Димитар Бајрактаров и Михаил Денковски се овогодинешните лауерати на проектот Најдобар млад програмер, кои ќе добијат парични награди од АМС, но и ќе добијат стипендии за бесплатно студирање на ФИНКИ.

AMS najdobri programeri 13

Тоа, на денешната прес-конференција го објавија директорот на АМС, Марјан Спасески и претседателот на Здружението на информатичари на Македонија, Миле Јованов.

-“Овој проект е дел од напорите на АМС за поттикнување и охрабрување на младите луѓе да го покажат и развиваат својот талент, но истовремено и можност да ги стимулираме младите средношколци за продолжување на своето образование на техничките науки. За успешна реализација на проектот, потпишавме Меморандум за соработка со Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство и со Здружението на информатичарите на Македонија, кое поседува лиценца за одржување на државни натпревари во Република Македонија во програмирање” – изјави Спасески, додавајќи дека проектот започнал со реализација во декември 2014, а на училишните натпревари се пријавиле преку 400 учесници, што е за 10 пати поголем број во однос на минатите години.

AMS najdobri programeri 12

Низ циклус на 5 филтри на училишни, регионални, државни натпревари, Македонската Олимпијада и дополнителен изборен натпревар се одбрале петте учесници со најдобри резултати, кои ќе бидат дел од Блакнаската Олимпијада во Бугарија, односно ќе земат учество и на Светската Олимпијада во Казахстан, која ќе се одржи во периодот од 26-ти јули до 2-ри август.

Претседателот на Здружението на информатичари се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт за поддршката и изрази надеж дека овој проект ќе стане традиција и во континуитет ќе може да се смета на државна поддршка за најдобрите млади програмери.

Досега, Република Македонија има солидни резултати на Светската Олимпијада и редовно освојува медали во конкуренција на најдобрите млади програмери и компјутерски инженери од преку 150 земји во светот.

 

Информатички спортски систем