Print

Промовиран проектот “Урбан ѕид” во Кавадарци

on . Posted in Соопштенија

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов во дворот на гимназијата Добри Даскаловго промовираа проектот Урбан ѕид, кој е наменет за младите – преку поддршката тие да се изразат на креативен начин, да се поттикнат да бидат креативни и пред сè преку можноста тие да имаат свој простор, кој од денес натаму ќе биде наменет за нивното креативно изразување.

-Многу често, цртањето графити се смета за вандализам, но кога постои точно одреден простор за нивно творење и презентација на креативниот ум и младешки став, тие се уметност која секогаш е позитивно перцепирана од очите на случајните минувачи.Со реализација на овој проект, во голем дел од градовите во Република Македонија ќе се овозможи соодветен простор за изразување на креативноста, без оштетување на јавен објект, при што младите ќе имаат можност да творат и цртаат графити” - изјави Спасески.

Kavadarci Urban zid 2

Проектот е поддржан и од општината Кавадарци, а првиот човек на оваа општина Панов рече дека идејата за вакво нешто одамна му била посочена од уличните уметници, но сега дошол моментот за нејзина реализација.

Досега проектот е успешно реализиран во општините Велес, Гостивар, Битола, Кочани и Гевгелија, а ќе продолжи да се реализира и во текот на следните неколку месеци во останатите општини ширум државата. 

 

Информатички спортски систем