Print

Вчера организирано отпатуваа од Скопје до Велес заедно со директорот на Агенцијата за спорт и млади- Марјан Спасески и дирекоторот на ЖАС Никола Костов .

on . Posted in Соопштенија

Младите лица до 27 годишна возраст користејќи го проектот за бесплатен железнички сообраќај, дененска организирано отпатуваа од Скопје до Велес заедно со  директорот на Агенцијата за спорт и млади- Марјан Спасески.

Како никогаш досега младите луѓе во Р. Македонија добија одредени бенефиции со коишто се потврдува нивната движечка сила како промотори во македонското општество. Имено во изминатиот период Владата на РМ преку ресорните институции реализираа низа на мерки и активности со коишто младите луѓе чувствуваат директни бенефити ви делот на одредени кориснички услуги. Досега го реализиравме проектот „Слободен четврток“ со којшто сите студенти секој четврток во месецот можат белплатно да го користат јавниот градски превоз и жицарницата на Водно, бесплатно да го користат железничкиот сообраќај, а освен тоа четврток е денот во којшто сите студенти бесплатно ги користат и културните институции во нашата држава, истакна Спасески.

 

Во соработка со Министерството за култура, потсети тој, е обезбеден попуст од 50 отсто за сите млади лица до 29 години за билетите во сите културни установи – театар, музеј, балет, филхармонија, а во соработка со Македонски железници е реализиран проектот за попуст од 50 проценти за билетите во железничкиот сообраќај за сите млади лица, односно за сите ученици и студенти.

Zeleinicki transport govor.2

-Сакаме да го актуализираме и проектот со кој им се овозможува на сите млади лица до 27 години секој трет календарски викенд во месецот бесплатно да го користат железничкиот сообраќај. Сакам да апелирам до сите луѓе во нашата земја да го користат бесплатниот викенд во железничкиот сообраќај без разлика дали ќе отидат на кафе во Битола, дали ќе проследат кошаркарски натпревар во Гевгелија, или пак ќе го посетат новиот театар во Велес, рече Спасески.

Генералниот директор на Македонски железници Транспорт АД Скопје, Никола Костов посочи дека проектот ќе продолжи до крајот на годината.

-Се надевам дека со оваа кампања Македонски железници не само што ќе го промовира железничкиот транспорт, туку ќе го промовира и заедничкиот живот, заедничкиот начин. Драго ми е што младите оваа кампања ја прифаќаат со големо задоволство, а сигурно со новите возови кои ќе ги добиеме од проектот на Владата на РМ уште повеќе ќе се зголеми интересот, истакна Костов.

 

 

 

Информатички спортски систем