Print

Македонија и годинава ќе учествува на „Јадранските игри”

on . Posted in Соопштенија

Дебитантскиот настап на Македонската експедиција помина успешно, а тимот од Македонија се натпреваруваше со искусните натпреварувачи од останите земји учесници и го освои петтото место.
„Јадранските игри“ се проект кој се одвива во текот на летото со цел збогатување на спортско-туристичката понуда. Програмата се состои од тим, што ја претставува државата во традиционалните дисциплини на Јадранското Море.

Петтото издание на „Јадранските игри“, кое се одржа кон крајот на септември 2014 година, успеа да собере над 2.000 учесници од речиси 200 локации. Спортистите со турнејата посетија 36 локации по должината на Јадранскиот брег. Финалето, традиционално се одржа во Биоград, Хрватска, а новина во 2014 година претставуваше и учеството Македонија и Босна и Херцеговина.

Ams jadranski sredbi.1

-“Голема заинтересираност за „Јадранските игри“ пројавија и други држави, па се очекува од оваа година да се прошират игрите со нивно учество. Голем број од медиумите од регионот вршеа директен пренос од настанот” – информираше Кржик.

DSC07234
Спасески се заблагодари за можноста и Македонија да учествува во овој проект и изрази желба Скопје веќе во 2016 година да биде домаќин на еден од полуфиналните или финалните натпревари во рамките на “Јадранските игри”.

DSC07231