Print

ИН МЕМОРИАМ: АЛЕКСАНДАР КОЈЧЕВСКИ (23.09.1992 - 15.10.2014)

on . Posted in Соопштенија

 

Александар, Алекс, Аце, нашиот сакан ангел , нашиот пријател, нашата радост во Агенцијата за млади и спорт....... Зошто Господ одлучи да те земе???? Зошто сега кога толку многу имаше живот во тебе ?

А штотуку почна да созреваш, да правиш планови за животот, се запиша на факултет, се врати на кошарката како тренер на младите категории,....... и немаме зборови, не остави без зборови сите нас......

Твојата добрина беше предизвик за сите нас, секогаш се радувавме на твојата насмевка. Твојата ведрина, твојот ведар и насмеан лик ќе остане длабоко врежан во нашите срца. Никогаш нема да те заборавиме. 

Погребот ќе се одржи во четврток (16 октомври) на гробиштата Драчево со почеток во 11:00 часот.

Почивај во мир ангелу наш,

Информатички спортски систем