Print

Пречек на велосипедистите во Велес од “Трка околу Македонија 2014“

on . Posted in Соопштенија

Денеска околу 12:30 свечено беа дочекани, велосипедистите учесници на  “ Трката околу Македонија 2014“ од директорот на АМС на Република Македонија, г-динот Спасески и градоначалникот на градот Велес г-динот Чадиев.

Воедно беа присутни и голем дел на вљубеници на велосипедизмот и граѓани на градот Велес, при пречекот на младите ентузијасти и репрезентативци на Македонија во велосипедизам. 

Директорот Спасески нагласи дефинитивно развивање на велосипедизмот кај младата популација која несомнено прераснуваат во големи спортисти во велосипедизмот. Исто така нагласи дека АМС на Република Македонија секогаш ќе ги подржува овие велосипедски трки и ќе даде голем придонес во реализирањето и зацртаните планови на Велосипедската Федерација на РМ. Исто така градоначелникот на Велес, г-динот Чадиев изјави дека особена чест е на градот Велес да се вклучи во активностите и реализацијата на трката околу Македонија, во одбележувањето на 111 години Илинден и 70 години од АСНОМ.

Велосипедската трка продолжува утре, при што финалниот пречек на велосипедистите ќе биде на свеченоста и одбележувањето на овогодинешните Илинденски празници под мотото “ 111 години Илинден- Од Сон до Сонце - 70 години АСНОМ“ во Пелинце.

Информатички спортски систем