Print

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ 111 ГОДИНИ ИЛИНДЕН И 70 ГОДИНИ AСНОМ-”ТРКА ОКОЛУ МАКЕДОНИЈА 2014” ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

on . Posted in Соопштенија

Вчера, (31.07.2014), во организација на Агенцијата за млади и спорт и Велосипедската Федерација на Македонија стартуваше традиционалниот Велосипедски караван “Трка Околу Македонија 2014” – под мотото “Кон иднината по стапките на традицијата”. Оваа година трката е посветена на Сто и eдинаесет години ИЛИНДЕН и Седумдесет годишнината од Првото заседание на АСНОМ.

25 професионални велосипедисти вчера напладне тргнаа од Мечкин камен од Крушево, за да на 2-ри Август пристигнат на Пелинце. 

Велосипедската Федерација на Македонија овој настан го реализира со своите членки МВК Велес од Велес, ВК Вело-М од Куманово, ВК Спид Бајк од Кичево, ВК Илинден од Прилеп. Трката се одржува во три етапи со една полу етапа, во три града домаќини и седум града каде ќе помине караванот.
Трката се реализира во следните етапи:
31.07.2014 1-ва етапа Крушево – Кавадарци 135 км
01.08.2014 2-ра етапа Кавадарци– Пробиштип 140 км
02.08.2014 3-та етапа Пробиштип – Пелинце 70 км


Патека низ која поминува караванот:
Прва етапа стартот беше 11:00 часот од Крушево кон Битола-Прилеп и Кавадарци во должина од 135 км.
Втора етапа - стартот е во 10:00 часот од Кавадарци преку Неготино во Велес, Штип и Пробиштип со должина од 140 км.
Трета етапа - стартот е во 09:00 часот, поточно ќе биде во координација со времето на пристигање на караванот на Меморијалниот центар Пелинце.
Во исто Време од Куманово ќе тргне група на млади велосипедисти кон Пелинце кои координирано истовремено ќе пристигнат со групата од Пробиштип.
Велосипедските репрезентативни селекции се во национални обележја, дрес и гаќици, клупските со своја опрема. Генералниот секретар на ВФМ, Сашо Ванчевски вели дека Федерацијата располага со модерен подвижен велосипедски сервис кој е ставен во служба на овој настан, резервни материјали за велосипедите и резервни тркала.
“Тоа ни беше целта на оваа трка, во соработка и со поддршка на Агенцијата за млади и спорт да ја запознаеме пошироката јавност за убавините на нашата Држава. Истовремено, сакаме да придонесеме кон популаризација на рекреативниот туризам и велосипедизам, кој несомнено се уште не е искористен до максимум со сите капацитети што ги нуди Република Македонија” – потенцираше Ванчевски.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески информираше дека покрај оваа активност, Агенцијата неколкудневното одбележување на Двата Илиндена го одбележува и со планинарски маршеви, симулација на дел од патеката на Февруарскиот поход, како и симболично искачување на Голем Кораб и Славеј планина.
“Илинден е еден од најголемите национални празници, кој зазема значајно место во историјата на Македонскиот народ. Токму затоа, годинава Агенцијата за млади и спорт во соработка со спортските федерации реализираат повеќе активности за одбележување на празникот” – заклучи Спасески и се заблагодари на соработката на Велосипедската и Планинарската Федерација.

Оделение за однoси со јавност на Агенција за млади и спорт на Р.Македонија

Информатички спортски систем