Print

Свечено отворено повеќенаменското игралиште во општина Босилово

on . Posted in Соопштенија


Директорот на Агенцијата за млади и спорт г-динот Александар Пујовски, градоначалникот на општина Босилово г-дин Љупчо Колев, пратеникот г-дин Славе Гошев, денес свечено го предадоа во употреба новоизграденото повеќенаменско маалско игралиште од проектот „100 повеќенаменски игралишта“ во с. Петралинци, општина Босилово. Изградбата на игралиштето е во вредност од 7 милиони денари.

Со изградбата на повеќенаменското игралиште во општина Босилово ќе се овозможат услови за непречен развој на младите и спортистите да спортуваат и рекреираат на истото. Игралиштето е со димензии за одигрување на натпревари во мал фудбал, ракомет и баскет.

Информатички спортски систем