Print

Одржана панел дискусија на тема "Механизми во борба против говор на омраза на интернет"

on . Posted in Соопштенија

 

Во просториите на Советот на Град Скопје, се оддржа панел дискусија на тема  “Механизми во борба против Говор на Омраза на ИнтернетНастанот бешe организиран од страна на Центар за меѓукултурен дијалог и Националниоткомитет за кампањата против говор на омраза на интернет.

 

Г-ца Зорица Стаменковска од Агенцијата за Млади и спорт во воведното обраќање даде осврт на улогaта на Агенцијата како Национален координатор и Кампањата и на националниот комитет чија  улога е планирање и следење на активностите од кампањатаОва е прва поголема активност од националната кампања, а набргу на есен следува и обука за обучувачи на тема човекови права и говор на омраза, и други  активности од вклучените организации и институции во комитетот. На крајот Стаменковска ги повика и сите останати организации, институции и поедници активно да се вклучат во кампњата.

 

Центар за меѓукултурен дијалог е организација која активно работи на полето на човекови права и еден од најкативните партнери на Советот на Европа во нивните активности во превенција на дискриминација на интернет. Од 2012 активно работиме на реализирање на активности и процеси поврзани со говорот на омраза на интернет, а токму тоа беше и причината да бидеме домаќин на денешната панел дискусија” истакна Матеј Маневски, претседател на Центар за меѓукултурен дијалог.

 

На панел дискусијата говореа видни експерти од полето на човекови права и интернет.  

Милош Ристовски од Националниот комитет за кампањата против говор на омраза на интернет, ги истакна целите на кампањата и активностите кои комитет и организациите што членуваат во истиот ги имаат реализирано во последниот период  Говорот на омраза постои во секоја земја, но контекстите на дискриминација во секоја од нив се разликуваат за секоја земја засебно, затоа е потребо оваа глобална кампања да биде спроведена преку засебните национални кампањи, за да се осигура добар локален ефект

Лудо Каизер гостин од Холандија и познат интернет активист преку видео повик истакна дека  постои многу тенка линија помеѓу „тролање“, солени шеги и говор на омраза. Целиот случај се сведува на едуцирање на луѓето и давање конкретни алатки како да го избегнеме неговото ширење.“

Г-динот Душко Миновски  од Комисија за заштита од дискриминација, ги објасни процедурите и рамките за заштита од дискриминација на граѓаните и каде тие може да се обратат при прекршување на нивните човекови права: „Сите ние можеме да се сослушаме, искоментираме, да ги пополниме извештаите после настанов и си одиме дома. Меѓутоа доколку целава дискусија не направи некаква промена во нас – залудно сме си го потрошиле времето. Нашата комисија до сега има примено над 150 пријави на нарушување на човековите права, а начинот на кој реагираме е само откако ќе добиеме пријава.“

   

Домашниот интернет консултант Дарко Булдиоски: Секогаш се бориме против Говорот на омраза откако веќе е раширен. На интернет протокот на информации е многу брз, па така вестите се споделуваат со поголема небрежност и помало внимание – па, многу од луѓето не се свесни кога споделуваат Говор на омраз. Не се социјалните мрежи тие кои шират насилство – туку начинот на кој луѓето ги користат. Социјалните медиуми се огледало на општеството, обезбедуваат нови и современи начини на комуникација и социјалните мрежи константно напредуваат во прилагодување на правилата на користење.

На самиот настан покрај панел дискусијата учесниците имаа можност да се запознаат исо резултатите од меѓународната конференција  ‘Младите и Интернетот’ која се одвива деновиве во Мавровосо што гостите имаа можност да се запознаат и разговараат со 50-на млади луѓе кои доаѓаат од цела Европа.

Присуствуваа над 80 гости,  интернет активистити, претставнци на институции и невладиниот сектор.  Дискусијата беше модерирана од г-дин Стефан Алексиќ , интернет активист и претставник на Младински образовен форум (МОФ).  Видео снимка од настанот може да проследите на www.radiomof.mk.

Белешка:  Кампањата против говорот на омраза е кампања на Советот на Европа. Оваа кампања се реализира во период од 2012-2014 год.,  и има за цел да промовира еднаквост, достоинство, човекови права и разновидност. Проектот е насочен против говорот на омразата, расизмот и дискриминацијата во Интернет изразувањето. Националниот комитет за кампањата против говорот на омраза наинтернет е тело одговорно за координирање на активностите од кампањата на национално ниво во Македонија.

Нa 22 mart 2013 започна кампањата во нашата земја. Агенцијата за млади и спорт формираше Национален комитет,  во кој членуваат министерствата  за образование и наука, Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за труд и социјална политика,   Министерство за правда, АЕК, ЗНМ, Здружение на млади правници, СПУКМ, ЦИД; МОФ, АМОС;

 

Информатички спортски систем