Print

Финансиска поддршка на спортските клубови

on . Posted in Соопштенија

Започна со реализација втората мерка од најавените пакет мерки за системска поддршка на спортот и спортистите во нашата држава, во услови на пандемија предизвикана од Ковид-19.

Секој клуб кој има регистрирано минимум 15 млади спортисти до 18 години во индивидуалните спортови, односно минимум 50 млади спортисти до 18 години во екипните спортови ќе може да биде корисник на надомест од 14.500 денари за месеците април и мај.

Од првично најавените критериуми, ги намаливме бројките врз основа на забелешките на клубовите, со цел што поголем број на клубови да ја искористат оваа мерка.

Ќе продолжиме да ги следиме активностите на федерациите и клубовите, со цел да излеземе во пресрет на нивните барања и да им помогнеме непречено да ги реализираат своите активности и по завршувањето на кризата.

Информатички спортски систем