Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Државна награда „8 Септември”

вклучено . Објавено во Државни награди

Со државната наградата “8 Септември” се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот.

Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план.

Со награда за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план се оддава признание на тренери (селектори и тренери) и спортски работници заради промовирање на Република Македонија во светот со остварени високи спортски резултати во меѓународниот спорт со кои се дава исклучителен придонес за развој на спортот во Република Македонија.

Иницијативата за доделување на:

- Наградата “ 8 Септември „ за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план, ја доставува матичната национална спортска федерација, поддржана од најмалку десет национални спортски федерации ;

- За четирите награди „8 Септември” со кои се оддава признание на тренери, спортисти и спортски работници за остварувања во областа на спортот инцијатива може да достават поединци, спортски клубови, национaлни спортски федерации и други организации од дејноста спорт.

Паричниот износ на државната награда „8 Септември” изнесува десет (10) просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.

На наградениот за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план му се доделува плакета, диплома и паричен износ.

Паричниот износ на наградата “8ми Септември” за животно дело е доживотна месечна исплата на една просечна плата исплатена во последните три месеца на тековната година.”

Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба детално да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: биографски податоци, адреса на живеење, податоци за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други документирани податоци и аргументи за кои се смета дека ќе придонесат во оценувањето.

Подносителот на иницијативата мора да го наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон. Иницијативата (во комплетирана форма, вклучително прилозите) да се достави во 20 примероци.

Носители за 2012 година

1.Насе Насев - животно дело
2.Хајруш Синани - државно признание
3.д-р Милош Вучидолов - државно признание
4.Бошко Заборски - државно признание
5.Александра Неделковска - државно признание

Носители за 2013 година

1.Марин Докузовски - животно дело
2.Зоран Михајлов - државно признание
3.Мирко Петрески - државно признание
4.Златко Кескоски - државно признание
5.Живко Дуковски - државно признание

Носители за 2014 година

1.Стеван Крстевски - животно дело
2.Мирослав Петровиќ - државно признание
3.Ристо Дарлев - државно признание
4.Ленче Алексовска Величковска - државно признание
5.Бојан Ангелов - државно признание

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија