Денеска директорот на АМС Наумче Мојсовски и советникот за млади и младински политики на претседателот на Владата, Ѓорги Тасев остварија средба со новоизбраниот младински претставник oд Република Северна Македонија во Обединетите нации, Петар Барлаковски.Со учеството, младинскиoт делегат ќе промовира и охрабрува носење на одлуки со цел развој на заедницата и ширење на свеста и значењето на ООН за младите луѓе. На средбата Барлаковски истакна дека слушањето на младите и креирањето на партнерство со нив во процесот на донесување на одлуки може да помогне на Владата, граѓанските организации и другите чинители во креирањето и донесувањето на поефективни и легитимни политики и програми, особено во поглед на младинските прашања, безбедносните систем, одржливиот економски развој, климатските промени и почитувањето на човековите права.

Во целиот процес на избор на младински делегат, кој беше транспарентен и партициаптивен беа вклучени претставници од Агенција за млади и спорт, Канцеларија на Претседател на Влада, Министерство за надворешни работи, Канцеларија на резидентен координатор на ООН, Фонд за население на Обединетите нации (УНФПА), Детски фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Националниот младински совет.На Барлаковски му посакуваме успешна работа.