Денеска во Агенцијата за млади и спорт директорот Наумче Мојсовски заедно со советничката за спорт на претседателот на Владата на РСМ Силвија Митевска, остварија средба со амбасадорот на Јапонија Хиронори Савада.

На средбата се потенцираше одличната соработка помеѓу двете земји и се споделија искуства за понатамошно зајакнување на оваа соработка во областа на младите и спортот. Директорот Мојсовски истакна дека искуства и совети од земја како што е Јапонија се секогаш добредојдени за нас и дека ќе се стремиме нашите земји да ја продлабочат оваа наша соработка.

“Драго ми е што денес сум ваш гостин, ние како амбасада секогаш сакаме да ја подобриме нашата соработка и размислувавме во таа насока. Имаме идеа за збратимување на две општини помеѓу овие две наши земји, со што би ги зближиле нашите идеи и вредности, соработката ја нудиме во областа на гимнастиката, но исто така и во сите спортови и младински организации” -истакна амбасадорот Савада.