Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Анти допинг

вклучено . Објавено во Uncategorised

Во последниве години, допингот во спортот зема огромен замав ширум светот и постана еден вид софистициран проблем. За штетните последици од допингот не треба да се говори. Тие се познати и за нив постои општ светски консензус. Колку за информација, за време на ЛОИ 2004 во Атина, се открија 24 случаи на допинг што претставува најголема бројка на прекршување на анти-допинг правилата во историјата на Олимписките игри. Во Пекинг беа откриени 20 случаи на допинг. А организаторот, пак, на ЛОИ Лондон 2012 изврши рекорден број допинг контроли, односно за време на овие ОИ извршени се повеќе од 5.000 допинг тестирања, што значи дека секој втор натпреварувач е тестиран.

Повикувајќи се на Меѓународната конвенција против допингот во спортот на УНЕСКО – ратификувана од страна на Република Македонија на 19 август 2008 – со што истата постана дел од македонското законодавство,

Имајќи го предвид член 55 од Законот за спортот, покрај обврските произлезени преку гореспоменатите инструменти за вршење допинг контроли, нашата земја, преку Националната анти-допинг комисија, во неколку наврати низ изминативе години изврши допинг контроли врз македонски спортисти. И оваа година, согласно обврските, ќе бидат извршени допинг контроли.

Македонските национални спортски федерации, со самото пристапување во членство на односните меѓународни спортски федерации каде, борбата против допингот во спортот е конститутивен елемент во нивните статути и останати акти, аналогно истите ги прифатиле, што значи дека се согласуваат дека ќе соработуваат и учествуваат во борбата против допингот во спортот. Познато е дека најповиканите страни во сферата на спортот како меѓународните спортски федерации, Меѓународниот Олимписки Комитет и ВАДА (Светска анди-допинг агенција) имаат сериозен третман и пристап кон оваа проблематика, а светските влади, преку прифаќањето, потпишувањето и ратификацијата на Меѓународната конвенција против допингот во спортот на УНЕСКО се приклучуваат кон оваа борба со цел заштита на есенцијалните вредности на спортот – односно постоењето на – чистиот спорт.

Исто така, познато е дека наши спортисти во повеќе наврати биле подложени на тестирањата за допинг во рамки на значајни меѓународни спортски натпреварувања.

Конвенцијата, допинг контролата претставува и еден вид услов за организација и учество во рамки на меѓународни спортски настани, а тоа го најдобро го знаат федерациите, посебно оние кои организирале спортски настан во нашата земја од повисок меѓународен карактер.

Конвенцијата за борба против допингот во спорот, покрај другото, ја изразува политичката волја на договорните страни за борба против допингот во спортот на еден активен и координиран начин. 

Што е цел на Конвенцијата?

Главна цел на Конвенцијата е унапредување на мерките кои треба да се преземат во борбата против допингот на национално и меѓународно ниво. Таа не се стреми да создаде едноличен анти-допинг модел, туку уредува одреден број заеднички стандарди и регулативи кои договорните страни имаат за цел да ги усвојат во вид на законски, финансиски, технички, едукативни и останати мерки.

Кон што се обврзани договорните страни?

Пристапувајќи и придружувајќи се кон принципите и целите на Конвенцијата, договорните страни, преку свои сопствени конституционални одредби, преземаат обврска да спроведат сопствена национална политика во однос на борбата против допингот во спортот / значи, унифицираниот и општиот стандард на сите национални политики го претставуваат следново:

-       да формираат национално координативно тело за борба против допингот;

-       да ја намалат фреквенцијата на допинг супстанци и останати забранети допинг средства и методи;

-       да ја засилат допинг контролата и да ја подобрат технологијата во однос на неговото откривање;

-       да обезбедат едукација и информираност во правец на борбата против допингот;

-       да ја гарантираат ефикасноста на санкциите кои се преземаат против оние кои применувале допинг;

-       да соработуваат со спортските организации на меѓународен план во борбата против допингот;

-       да користат акредитирани анти-допинг лаборатории.

 

Сето ова е обврска и цел на нашата земја во пристапот кон оваа проблематика преку делувањето на Национална анти-допинг организација.

 

Без функционално национално тело за борба против допингот во спортот, не може да се говори за соодветно справување со една од појавите за кои постои меѓународен консензус за искоренување на истата.

„Допинг во спортот“ значи употреба на фармаколошки допинг примероци (супстанци), односно, средства, или, пак, допинг методи од страна на спортисти. „Фармаколошки допинг примероци, односно, средства, или, пак, допинг методи“ се оние фармаколошки допинг примероци или методи кои се забранети од страна на меѓународни релевантни спортски организации и се појавуваат на листите одобрени од страна на Мониторинг групата (Листата на забранети супстанци и методи на ВАДА или ИОК).

Борбата против допингот во спортот може да биде ефикасна единствено доколку во секоја земја постојат допинг контроли и, доколку истите се изведуваат „без претходно известување, надвор и за време на натпреварите“ (што е една од главните препораки согласно Конвенцијата – член 2 – дефиниции).

 

Состав на Националната анти-допинг комисија:

  1. Илија Стоилов – претседател
  2. Слободан Николиќ
  3. Зоран Ханџиски 
  4. Марија Крстевска
  5. Круме Јаќоски
  6. Александар Пујовски

Анекс II дополнување на листата на забранети супстпанции за 2016

Дополнувања на листата на забранети супстпанции 2016

  Дополнувања на листата на забранети супстпанции 2015

  Дополнувања на листата на забранети супстпанции 2014

ИЗМЕНИ НА ЗАБРАНЕТАТА ДОПИНГ-ЛИСТА 2014!!!  ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!!! 

 Анекс на забранетата листа 2014 на UNESCO  UNESCO забранета листа 2014

  WADA листа 2013   WADA листа 2012

  AСТМА - МИНИМУМ ПОТРЕБНИ ПОДАТОЦИ

 Дозвола за Терапевтска Употреба (ДТУ)

 ВАДА Листа на Забранети Супстанци и Методи

 Информации за достапност

 ______________________________________________________________________________

 

Презентации од семинарот за Анти-Допинг одржан ноември 2012 во Град Скопје 


Допинг стапици 

Допингот во спортот 2012

 

 

 

 

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија