Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Сектор Спорт

вклучено . Објавено во За агенцијата

 

д-р сц. Томислав Андоновски
тел.02/ 3 211818

Спортот и младите како потреба на секоја земја имаат доминантно место во интересите на земјите и имаат големо влијание во секојдневието на граѓаните.

Во дејноста спорт во Република Македонија, активни се повеќе од 1.500 спортски клубови, здружени во 46 национални спортски сојузи, со голем опфат на млади и граѓани со спортско и спортско-рекреативни активности. Се реализира разгранет и рационален систем на натпревари во сите национални спортски сојузи, со голем број учесници, тренери, судии, спортски лекари и спортски работници.

Покрај ова, се остваруваат значајни спортски резултати на меѓународната сцена, а напоредно со ова тече и меѓународната спортска соработка на национални спортски сојузи и нивните клубови. Спортистите од Република Македонија се учесници и творци на високи спортски резултати на Балканијади, Европски и Светски првенства и олимписки игри.

Наша цел е да помогнеме и учевствуваме во развојот на спортот, во сите негови сегменти, како во квантитативна насока, со опфат на голем број деца, млади и граѓани, така и со остварување на високи спортски резултати на најголемите светски и европски натпреварувања.

1) Сектор Спорт во својот делокруг на работа ги опфаќа следниве активности и работи:
1.      следи, проучува и обработува прашања поврзани со системот и организацијата на спортот и меѓународната соработка во областа на спортот и предлага мерки за нивно унапредување и развој;
2.      ги следи сосојбите во здруженијата, асоцијациите и другите субјекти кои вршат дејност спорт;
3.      ја следи состојбата на стручните кадри во спортските здруженија и предлага мерки за нивно усовршување;
4.      ја следи мрежата на здруженија и асоцијации од областа на спортот и системот на натпревари и предлага мерки за унапредување, развој и стручно усовршување;
5.      ги следи специјалните спортски програми со талентираните ученици;
6.      ги следи спортските сктивности на студентите и граѓаните;
7.      подготвува Програма за развој на спортот во Република Македонија;
8.      ја следи реализацијата на меѓународните спортски приредби и манифестации;
9.      предлага, планира и поттикнува меѓународна соработка во областа на спортот;
10.   ги следи активностите на Советот на Европа во областа на развојот на спортот и презема мерки за спроведување на конвенции и други меѓународни документи од областа на спортот прифатени од Република Македонија;
11.   предлага и изготвува мерила и критериуми за стекнување на статусот, рангот, правата и обврските на врвните спортисти аматери;
12.   предлага и изготвува стандарди за здравствена контрола на учесниците во спортско рекреативните активности;
13.   предлага и изготвува мерила и критериуми за финансирање на дејноста, на спортот на децата, младината и спортско-рекреативна активност на граѓаните и врвниот спорт и го следи нивното спроведување;
14.   ги планира програмите потребни за остварување на дејноста;
15.   предлага и изготвува програми за меѓународна соработка во областа на спортот и ја следи нивната реализација;
16.   дава мислење по програми за меѓународна соработка кои ги изготвуваат и предлагаат други органи и установи;
17.   ги следи активностите на спортските здруженија од областа на спортот на граѓаните на Република Македонија кои живејат и престојуваат во странство;
18.   предлага и изготвува документи за билатерална и мултилатерална соработка во областа на спортот и ја следи нивната реализација;
19.   ги врши стручните и административно-техничките работи на Советот за спорт;
20.   ја следи и поддржува издавачката дејност во областа на спортот;
21.   изготвува анализи, елаборати, осврти, информации, извештаии и други матерјали од областа на спортот; и
22.   прибира извештаи.
 
(2) Одделение за Национален спорт, како организациона единица во состав на Сектор Спорт, во својот делокруг на работа ги опфаќа следниве активности и работи:

1.   следи, проучува и обработува прашања поврзани со системот и организацијата на спортот на национално ниво во Република Македонија;
2.   се грижи за спроведување на законите и другите прописи од областа на спортот на национално ниво во Република Македонија;
3.   ја следи мрежата на здруженија и асоцијации од областа на спортот и системот на натпревари и предлага мерки за унапредување, развој и стручно усовршување;
4.   ги следи специјалните спортски програми со талентираните ученици;
5.   ги следи спортските сктивности на студентите и граѓаните;
6.   учествува во подготовката на Програмата за развој на спортот во Република Македонија;
7.   предлага и изготвува мерила и критериуми за стекнување на статусот, рангот, правата и обврските на врвните спортисти аматери;
8.   предлага и изготвува стандарди за здравствена контрола на учесниците во спортско рекреативните активности;
9.   предлага и изготвува мерила и критериуми за финансирање на дејноста, на спортот на децата, младината и спортско-рекреативна активност на граѓаните и врвниот спорт и го следи нивното спроведување;
10.          ги планира програмите потребни за остварување на дејноста;
11.          ја следи и поддржува издавачката дејност во областа на спортот;
12.          изготвува анализи, елаборати, осврти, информации, извештаии и други матерјали од областа на спортот; и
13.          прибира извештаи.

(3) Одделение за Меѓународен спорт и меѓународна соработка,
1.   следи, проучува и обработува прашања поврзани со меѓународната соработка во областа на спортот и предлага мерки за нивно унапредување и развој;
2.   се грижи за спроведување на законите и другите прописи од областа на спортот на национално ниво во Република Македонија;
3.   учествува во подготовката на Програмата за развој на спортот во Република Македонија;
4.   предлага, планира и поттикнува меѓународна соработка во областа на спортот;
5.   ги следи активностите на Советот на Европа во областа на развојот на спортот и презема мерки за спроведување на конвенции и други меѓународни документи од областа на спортот прифатени од Република Македонија;
6.   ја следи реализацијата на меѓународните спортски приредби и манифестации кои се одржуаваа во семјата или на кои учествуваат преставници од земјата;
7.   предлага и изготвува прогами за меѓународна соработка кои во областа на спортот и ја следи нивната реализација;
8.   дава мислење по програми за меѓународна соработка кои ги изготвуваат и предлагаат други органи и установи;
9.   ги следи активностите на спортските здруженија од областа на спортот на граѓаните на Република Македонија кои живејат и престојуваат во странство;
10.          предлага и изготвува документи за билатерална и мултилатерална соработка во областа на спортот и ја следи нивната реализација;
11.          изготвува анализи, елаборати, осврти, информации, извештаии и други матерјали од областа на меѓународната соработка во спортот; и
12.          прибира извештаи.

(4) Одделение за Инспекциски надзор во спортот, како организациона единица во состав на Сектор Спорт, во својот делокруг на работа ги опфаќа следниве активности и работи:
1.   врши инспекциски надзор врз работењето на спортски клубови во Република Македонија;
2.   врши инспекциски надзор врз работењето на Национални спортски федерации и други спортски асоцијации во Република Македонија;
3.   врши инспекциски надзор врз работењето на други субјекти кои вршат дејност спорт како и стручни спортски работници во Република Македонија;
4.   ја следи состојбата во спортските клубови, Национални спортски федерации, други спортски асоцијации и други субјекти кои вршат дејност спорт;
5.   врши надзор на исполнетоста на условите за вршење на дејност спорт;
6.   изготвува анализи, елаборати, осврти, информации, извештаии и други матерјали; и
7.   прибира извештаи.

(5) Организацијата, начинот на работа како и формата и содржината на актите кои ги изготвува и носи Одделението за Инспекциски надзор во спортот, со посебен Правилник ги пропишува Директорот на Агенција за млади и спорт.

(6) Одделение за Регистрација на субјекти кои вршат дејност спорт, како организациона единица во состав на Сектор Спорт, во својот делокруг на работа ги опфаќа следниве активности и работи:
1.   прибира барања за издавање на решенија за врешење на дејност;
2.   во соработка со Одделението за Инспекциски надзор во спортот, ја испитува основаноста на одделно барање за издавање на решение за дејност спорт;
3.   подготвува и предлага до Директорот на Агенција за млади и спорт, за издавање решенија за вршење на дејност спорт;
4.   води Регистар на субјекти кои вршат дејност спорт во Република Македонија;
5.   изготвува анализи, елаборати, осврти, информации, извештаии и други матерјали; и
6.   прибира извештаи.
(7) Организацијата, начинот на работа како и формата и содржината на актите кои ги изготвува и носи Одделението за Регистрација на субјекти кои вршат дејност спорт, со посебен Правилник ги пропишува Директорот на Агенција за млади и спорт.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија