За агенцијата
Aгенцијата за млади и спорт ги врши работите што се однесуваат на:
- грижата за психо-физичкиот развој на младите и нивната заштита од болести на зависности, проституција, криминалот и други социо-патолошки појави;
- грижата за статусот на младите;
- поттикнувањето и помагањето на различните облици на организирање на младите;
- преземање на активности за создавање на услови за задржување во Република Македонија на способните и талентираните млади, како и создавањето на услови за нивно враќање во Република Македонија;
- следење на спортските и спортско-рекреативните активности од областа на спортот;
- следење на развојот на врвниот спорт и врши други активности утврдени со закон...
Агенцијата за млади и спорт делува преку:
- Сектор за младинска политика (одделение за младинска политика и одделение за меѓународна соработка);
- Сектор спорт (одделение за национален и меѓународен спорт и одделение за меѓународна соработка) и
- Сектор за нормативно-правни и материјално-финансиски работи (одделение за нормативно-правни работи и одделение за материјално-финансиско работење).