Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Директор

вклучено . Објавено во За агенцијата

Дарко Каевски – Директор на Агенција за млади и спорт

Дарко Каевски е дипломиран економист, на Економскиот факултет при Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј''.

Роден е на 09.11.1989 во Скопје.Неговиот долгогодишен активизам за правата на младите во Македонија значително придонесува кон развој на младинската критичка мисла и кон промоција на младинското учество во решавањето на проблемите на државата.

Учествува на неколку форуми и тренинзи во организација на светски познати институти како што се, ИРИ – Интернационалниот Републикански Институт, Моментум од Велика Британија, Фридрих Еберт од Германија, кадешто професионално се надградува и разменува знаења и искуства поврзани со младинските политики.
Каевски остварува значаен придонес во јакнењето на соработката помеѓу младите луѓе од Македонија и Кина за што добива сертификат од највисока чест од кинеската дипломатија.
Како млад економист Каевски ја започнува својата кариера во 2012 година со работа во геодетско друштво.
Во 2013 година тој е избран за член на Советот на општина Кисела Вода и воедно назначен за претседател на Комисијата за локален економски развој со што директно учествува во носењето на важни одлуки за граѓаните поврзани со капитални инвестиции во општина Кисела Вода.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија