Сектор Млади
Гордана Цекова
тел.02/ 3 126 270
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Секторот млади врши работи кои се однесуваат на сферите на интерес и потребите на младата популација во земјата и признавањето нa улогата нa младите вo развојот нa Република Македонија, како позитивна движечка сила и промотор нa новите вредности нa општеството и државата, придржувајќи се до Националната стратегија за млади која ги дефинира следните приоритети за дејствување на државните институции и младински здруженија на граѓани:
- социјален развој и социјална интеграција на младите преку квалитетно формално и неформално образование;
- економски развој на младите преку младинското претприемаштво;
- подобрување на квалитетот на живеење на младите луѓе;
- активно учество на младите луѓе во јавниот живот и процесите на донесување на одлуки на национално и локално ниво.
Секторот млади своите задолженија, обврски и задачи ги извршува во двете одделенија:
- Одделение за младинска политика и тренинг
- Одделение за меѓународна соработка
Функции на Секторот млади
- развивање нa активна обрзовна политика, која ќе содејствува нa потребите на младите, општеството и глобалниот социјален и техничко-технолошки развој;
- промовирање еднакви можности зa образование и културно осознавање нa младите сo цел поттикнување нa нивниот личен развој и развој во заедницата;
- признавање, подршка и развој нa неформалното образование и неговите носители;
- воспоставување баланс и соработка помеѓу образованието и тренингот сo пазарот нa работна сила (понуда и побарувачка) и развојот на новите технологии;
- интеграција на младите вo работниот процес, без оглед на социо-културно потекло;
- воспоставување партнерство помеѓу државните органи и приватниот сектор во областа на вработувањето на младите луѓе;
- подигање на нивото на квалитетот на живеење на младите луѓе преку користење на нивното слободно време во корисни и социо-едукативни активности и нивно формирање како одговорни и активни граѓани;
- поттикнување на свеста на младите за семејните вредности и грижата и солидарноста во заедницата и општеството;
- дистрибуција и пристап до информации и едукација на младите луѓе со цел заштита на нивното здравје;
- координаран пристап кон државата и НВО секторот за заштитата нa младите и промоција на здрави животни стилови.