Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

Рекордни 400 натпреварувачи од вкупно девет земји од регионот се...

Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески присуствува на...

Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин и средба со г-дин...

Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и младинскиот...

  • Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

    Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

  • Regional Youth Cooperation RYCO: Office Јавен повик за заменик-генерален секретар за Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан

    Regional Youth Cooperation RYCO: Office Јавен повик за заменик-генерален...

  • Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

    Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

  • Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

    Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

  • Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

    Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

Печати

Свечено доделени ваучерите за талентирани спортисти

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams sp nadez f

За развој и унапредување на младите спортисти во Република Македонија продолживме да доделуваме стипендии на 500 млади спортисти. Со тоа ставаме јасно до знаење дека веруваме во младите спортисти, во нивните капацитети и заради тоа активно инвестираме во нивната иднина.

Печати

Последен ден за аплицирање за младински претставник во Управен одбор РИКО

вклучено . Објавено во Соопштенија

Ams slika 1

Јавниот повик објавен на 14.09.2016 година беше продолжен до 14.10.2016 година, со цел поголем број на младински претставници да аплицираат на истиот.

Денес е последен ден за поднесување апликации за младински претставници. Потребната документација и условите од јавниот повик на следниот линк.

http://www.ams.gov.mk/pochetna/20-odnosi-so-javnosta/soopstenija/1080-prodolzhen-javniot-povik-za-izbor-na-mladinski-pretstavnik-vo-upraven-odbor-na-regionalnata-kancelarija-za-mladinska-sorabotka-za-zapaden-balkan

Печати

Владата на Република Македонија ги прими Македонските фудбалски херои

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams u 21

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, г-дин Емил Димитриев, и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески  остварија средба со членовите, стручниот штаб и раководството на македонската младинска репрезентација во фудбал.

Печати

Честитка

вклучено . Објавено во Соопштенија

u 21

По повод големиот успех на Младата фудбалската репрезнтација на Македонија до 21 година, пласман на Европското првенство  кое се одржува следната година во Полска, во име на сите спортисти, спортската јавност и во мое лично име сакам да им се заблагодарам на спортистите, стручниот тим и Фудбалската федерација на Македонија, за сè што направија во овој квалификациски циклус, завршувајќи триумфално на 11-ти октомври 2016 година во Скопје, победувајќи ја репрезентацијата на Шкотска.

Печати

Започна реализацијата на проектот “Таеквондо за секого”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams web1

Македонската таеквондо федерација втора година по ред започна со реализација на проектот Таекводно за секого, за што доби поддршка од страна на Агенцијата за млади и спорт во висина од 40.000 денари.

Целта на проектот е децата од основните училишта да се запознаат со овој олимписки спорт, кој во нашата земја има долга традиција, а во последниве неколку години бележи и одлични резултати на меѓународната спортска сцена. Најсвежи се одличните настапи на нашата репрезентација на неодамна завршеното Балканско првенство, каде освоивме вкупно 13 медали, од кои и првиот златен медал во сениорска конкуренција.

Промоцијата на проектот се одржа во спортската сала на ОУ Климент Охридски во нас. Бутел, каде присуствуваа и директорот на АМС, Марјан Спасески и градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски.

Печати

Прием во АМС на победникот од Европското во џиуџица У12

вклучено . Објавено во Соопштенија

Giu Gixa 1

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием за освојувачот на бронза од балканско, а злато на европското џиу џица првенство, македонскиот борец Давид Димовски.
Давид Дамовски (-52 кг) стана европски шамипон за помлади кадети У-12 на Европското првенство во џиу џица за кадети и јуниори во Гелзенкирхен, Германија. До златниот медал Дамовски дојде по три победи над противниците од Германија и Шведска. Добра подлога му беше Балканското првенство во Кипар пред една недела каде го освои бронзениот медал.
Можеби успехот и не е случаен кога се знае дека личен тренер на Давид му е неговиот дедо Ѓоко Атанасов, шесткратен шампион на поранешна Југославија, така што двата медала за една недела не се изненадување.

Печати

Известување

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams udarno

  • Согласно член 2 и 3 од законот за измени и дополнувања на законот за игри на среќа и забавни и гри ги известуваме сите обложувалници и автомат клубови кои се обврзници на плаќање на посебни давачки кон Агенцијата за млади и спорт уплатите да ги вршат на следниов начин.
  • -          Назив на примач – Трезорска сметка
  • -          Трансаксиска сметка на примачот – 100000000063095
  • -          Банка на примач – НБРМ
  • -          Износ ------------------------
  • -          Сметка на корисник – 161011522978714
  • -          Приходна шифра – 724137
  • -          Програма - 20
Печати

Македонските јунаци минаа низ „Порта Македонија“

вклучено . Објавено во Соопштенија

fudbaleri 1

Македонските јунаци минаа низ „Порта Македонија“

Македонските фудбалски јунаци ја сплотија целокупната македонска јавност. По големиот успех остварен вчера, кој претставува историски за Македонија со пласман на едно Европско првенство, младите македонски фудбалери денеска поминаа низ портата која значи симбол за успесите на сите наши спортски селекции.

Повеќе фотографии можете да погледнете на следниот линк

Македонските јунаци минаа низ „Порта Македонија“- симболот на спортските успеси

Печати

Македонските млади фудбалери на прием кај Иванов

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams u21 ivanov

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ја прими македонската младинска фудбалска репрезентација, стручниот штаб како и претставници на Фудбалската федерација и Агенцијата за млади и спорт, по повод пласманот на Европското фудбалско првенство за фудбалери до 21 година

Печати

Продолжен Јавниот повик за избор на младински претставник во Управен одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams udarno

Јавниот повик објавен на 14.09.2016 година се продолжува до 14.10.2016 година, со цел поголем број на младински претставници да аплицираат на истиот.

Потребно е документите да бидат доставени во затворено писмо, со назнака  „ДА НЕ СЕ ОТВОРА ПРЕД СЕСИЈАТА ЗА ОТВОРАЊЕ“ најдоцна до 14.10.2016 г.на следната адреса:

Агенција за млади и спорт

ул. Македонија, бр. 38

(палата Панко Брашнаров)

1000 Скопје

Пријавите кои ќе стигнат по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

За сите прашања во однос на конкурсот, можете да нè контактирате  на е-маил:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  и тел: 075/254 -734. 

Печати

Продолжување на рокот за доставување на делата за Конкурс „Млади поети“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Ams slika 1

Продолжување на рокот за доставување на делата за
Конкурс „Млади поети“

Конкурсот за Млади поети се реализира трета година по ред, а има за цел да ги поддржи и потикне младите креативци.
На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра итворба и тоа за прва награда се предвидени 15.000 денари, за втора награда 10.000 денари, а трета награда 5.000 денари.
Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите млади луѓе на возраст од 15 до 29 години, кои пишуваат поезија да ги достават своите дела на конкурсот. Истите ќе бидат оценувани од страна на комисија составена од членови на Друштвото на писатели на Македонија. Секој автор ќе биде застапен во збирката која ќе биде објавена кон крајот на 2016 година.

Печати

Средба на Спасески со селекторот на Параолимписката репрезентација Бранимир Јовановски

вклучено . Објавено во Соопштенија

PAraOlimpiski 1

Во Агенцијата за млади и спорт се одржа средба помеѓу директорот Марјан Спасески и претседателот на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија Бранимир Јовановски. 


Претседателот на Федерацијата Бранимир Јовановски го информираше Директорот Спасески дека состојбите во оваа сфера изминатите години благодарение на Агенцијата за млади и спорт се значително подобрени,спортистите со инвалидитет имаат пристап до спортските објекти и достапност до спортските реквизити.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија