Потпишан Меморандум за автономија и независност во спортот
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и претседателот на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија, Васил Тупурковски заедно со претставниците на националните спортски федерации го потпишаа Меморандумот за автономија и независност во спортот, документ кој ќе придонесе за поголем развој во спортот и олимпиското движење во државата.