Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Отчет на Агенцијата за млади и спорт за 2016 година

Отчет на Агенцијата за млади и спорт за 2016 година

Денес во Агенцијата за млади и спорт беше одржана прес конференција на која...

АМС и додели 110 илјади евра на Ракометната федерација на Македонија

АМС и додели 110 илјади евра на Ракометната федерација на Македонија

Агенцијата за млади и спорт ќе и додели шест милиони и шесто илјади денари...

Позлатени статуетки за најдобрите во годината што изминува

Позлатени статуетки за најдобрите во годината што изминува

Свечената церемонија во Македонскиот народен театар, која се одржа по 62....

Промовирана збирката поезија од проектот “Млади поети”

Промовирана збирката поезија од проектот “Млади поети”

Денес во Градската библиотека “Браќа Миладиновци”  се...

Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

На 12 декември 2016 г. (ПОНЕДЕЛНИК) во Националната галерија на Македонија...

  • Отчет на Агенцијата за млади и спорт за 2016 година

    Отчет на Агенцијата за млади и спорт за 2016 година

  • АМС и додели 110 илјади евра на Ракометната федерација на Македонија

    АМС и додели 110 илјади евра на Ракометната федерација на Македонија

  • Позлатени статуетки за најдобрите во годината што изминува

    Позлатени статуетки за најдобрите во годината што изминува

  • Промовирана збирката поезија од проектот “Млади поети”

    Промовирана збирката поезија од проектот “Млади поети”

  • Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

    Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Честитка

вклучено . Објавено во Соопштенија

u 21

По повод големиот успех на Младата фудбалската репрезнтација на Македонија до 21 година, пласман на Европското првенство  кое се одржува следната година во Полска, во име на сите спортисти, спортската јавност и во мое лично име сакам да им се заблагодарам на спортистите, стручниот тим и Фудбалската федерација на Македонија, за сè што направија во овој квалификациски циклус, завршувајќи триумфално на 11-ти октомври 2016 година во Скопје, победувајќи ја репрезентацијата на Шкотска.

Печати

Започна реализацијата на проектот “Таеквондо за секого”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams web1

Македонската таеквондо федерација втора година по ред започна со реализација на проектот Таекводно за секого, за што доби поддршка од страна на Агенцијата за млади и спорт во висина од 40.000 денари.

Целта на проектот е децата од основните училишта да се запознаат со овој олимписки спорт, кој во нашата земја има долга традиција, а во последниве неколку години бележи и одлични резултати на меѓународната спортска сцена. Најсвежи се одличните настапи на нашата репрезентација на неодамна завршеното Балканско првенство, каде освоивме вкупно 13 медали, од кои и првиот златен медал во сениорска конкуренција.

Промоцијата на проектот се одржа во спортската сала на ОУ Климент Охридски во нас. Бутел, каде присуствуваа и директорот на АМС, Марјан Спасески и градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски.

Печати

Прием во АМС на победникот од Европското во џиуџица У12

вклучено . Објавено во Соопштенија

Giu Gixa 1

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием за освојувачот на бронза од балканско, а злато на европското џиу џица првенство, македонскиот борец Давид Димовски.
Давид Дамовски (-52 кг) стана европски шамипон за помлади кадети У-12 на Европското првенство во џиу џица за кадети и јуниори во Гелзенкирхен, Германија. До златниот медал Дамовски дојде по три победи над противниците од Германија и Шведска. Добра подлога му беше Балканското првенство во Кипар пред една недела каде го освои бронзениот медал.
Можеби успехот и не е случаен кога се знае дека личен тренер на Давид му е неговиот дедо Ѓоко Атанасов, шесткратен шампион на поранешна Југославија, така што двата медала за една недела не се изненадување.

Печати

Втора јавна расправа за најавените мерки за развој и унапредување на спортот

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams 2 rasprava web

Во просториите на Агенцијата за млади и спорт (АМС) денеска, (29.09.2016 г) се одржа втора по ред јавна расправа на која претставници на Македонскиот олимписки комитет, спортисти и претставници на федерациите од колективните и индивидуалните олимписки спортови дебатираа за најавените мерки за развој и унапредување на македонскиот спорт.

Директорот на АМС Марјан Спасески уште еднаш ги образложи мерките, по одржаната прва јавна расправа и ја нагласи заложбата на Владата и Агенцијата за млади и спорт за спортот да тргне по нагорна линија.

Печати

Јавна расправа – Мерки за подобар спорт

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams javna debata 3

Во организација на Агенцијата за млади и спорт (АМС) денеска се одржа широка дебата на која претставници на Македонскиот олимписки комитет, спортисти и претставници на федерациите од колективните и индивидуалните спортови ги поздравија најавените мерки за развој и унапредување на македонскиот спорт предложени од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и ги оценија како „револуција на спортот во Македонија“.

Печати

Покана до граѓаните на Македонија-Спортски саем - Европска недела на спортот

вклучено . Објавено во Соопштенија

European Week of Sport General

Агенцијата за млади и спорт, Сојузот на спортските федерации на Македонија и Министерството за образование и наука Ве поканува на 17.09.2016 (Сабота) со почеток во 17:30 часот на плоштадот ФИЛИП ВТОРИ на настанот Спортски саем - Европска недела на спортот по повод прославата „25 години Независна Република Македонија“. 

На настанот ќе учествуваат 25 национални спортски федерации кој со своите спортисти ќе демонстрираат вежби од своите спортови.

Печати

Продолжен Јавниот повик за избор на младински претставник во Управен одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams udarno

Јавниот повик објавен на 14.09.2016 година се продолжува до 14.10.2016 година, со цел поголем број на младински претставници да аплицираат на истиот.

Потребно е документите да бидат доставени во затворено писмо, со назнака  „ДА НЕ СЕ ОТВОРА ПРЕД СЕСИЈАТА ЗА ОТВОРАЊЕ“ најдоцна до 14.10.2016 г.на следната адреса:

Агенција за млади и спорт

ул. Македонија, бр. 38

(палата Панко Брашнаров)

1000 Скопје

Пријавите кои ќе стигнат по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

За сите прашања во однос на конкурсот, можете да нè контактирате  на е-маил:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  и тел: 075/254 -734. 

Печати

Продолжување на рокот за доставување на делата за Конкурс „Млади поети“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Ams slika 1

Продолжување на рокот за доставување на делата за
Конкурс „Млади поети“

Конкурсот за Млади поети се реализира трета година по ред, а има за цел да ги поддржи и потикне младите креативци.
На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра итворба и тоа за прва награда се предвидени 15.000 денари, за втора награда 10.000 денари, а трета награда 5.000 денари.
Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите млади луѓе на возраст од 15 до 29 години, кои пишуваат поезија да ги достават своите дела на конкурсот. Истите ќе бидат оценувани од страна на комисија составена од членови на Друштвото на писатели на Македонија. Секој автор ќе биде застапен во збирката која ќе биде објавена кон крајот на 2016 година.

Печати

Средба на Спасески со селекторот на Параолимписката репрезентација Бранимир Јовановски

вклучено . Објавено во Соопштенија

PAraOlimpiski 1

Во Агенцијата за млади и спорт се одржа средба помеѓу директорот Марјан Спасески и претседателот на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија Бранимир Јовановски. 


Претседателот на Федерацијата Бранимир Јовановски го информираше Директорот Спасески дека состојбите во оваа сфера изминатите години благодарение на Агенцијата за млади и спорт се значително подобрени,спортистите со инвалидитет имаат пристап до спортските објекти и достапност до спортските реквизити.

Печати

Македонската таеквандо репрезентација на прием во Агенцијата за млади и спорт

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams priem taekvan web

Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт беа претставници на македонската таеквондо репрезентација, кои на неодамна завршеното Балканско првенство во Дупница, Бугарија го направија еден од најголемите успеси на македонското таеквондо со освојувањето на вкупно 13 медали од Балканско првенство, од кои и првиот златен медал во сениорска конкуренција.

Печати

Реакција на АМС на соопштението на СДСМ за изборот на младински претставник во РИКО

вклучено . Објавено во Соопштенија

Ams slika 1Почитувани,

Процесот на избор на младинскиот претставник во РИКО е еден од најотворените и најтранспаретните процеси кои се водени од страна на Агенцијата за млади и спорт и воопшто во нашата држава.

Конечниот избор треба да биде извршен од работна група која брои 66 членови, а не од самата Агенција за млади и спорт. Во таа насока апелираме до СДСМ да не ја манипулира јавноста и да се воздржи од злоупотреба на процесот на формирање на Регионалната канцеларија за младинска соработка за собирање политички поени во предизборниот период.

Печати

Македонските параолимпијци го завршија настапот на Параолимписките игри во Рио

вклучено . Објавено во Соопштенија

RIO 2016Среда, 14.09.2016 година, беше последен натпреварувачки ден во спортско стрелаштво на Параолимписките игри во Рио 2016. Настапија двајцата наши учесници во дисциплината Малокалибарски пиштол слободен избор 50 метри. Оваа дисциплина се смета за „кралска“ во пиштолски дисциплини бидејќи е исклучително напорна и тешка за изведба, метата се наоѓа на оддалеченост од 50 метри, а кругот на десетката е во дијаметар само 5 сантиметри.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија