Работна средба на директорот Mojсовски со претставници од младинската организација ЦИД
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски придружуван од заменикот директор, Авни Рустеми, имаше работна средба со претставници намладинската организација „Центар за интеркултурен дијалог“ од Куманово.
На средбата директорот Мојсовски истакна дека агенцијата овозможува вклучување на младинските организации во процесите на донесување одлуки и тие ќе бидат консултирани за сите важни прашања од интерес за младите. Покрај тоа, тој потенцираше дека АМС ќе поддржува развој на младинска инфраструктура согласно Законот за младинско учество и младински политики со цел подобрување на стандардот на младите и младинските организации.