Известување - Трансформација на спортските клубови во А.Д.
Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, како орган на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, се грижи за доследно спроведување на законската регулатива во нашата земја која се однесува на дејноста спорт.
Рокот на постојните спортски клубови кои се натпреваруваат во највисокиот степен на натпревари во сениорска конкуренција во спортови во кои се организира сениорски систем на натпревари во повеќе степени во фудбал, кошарка и ракомет да се регистрираат во акционерски друштва е најдоцна до 31 јули 2012 година.