Трејлер(видео најава) за филмот ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ
Филмот „Трето полувреме“ е приказна за неколку луѓе собрани околу најважната работа во светот - фудбалот, во најтурбулентното време во историјата на светот - Втората светска војна. Тоа е приказна за играчите на ФК Македонија и нивниот Германско-Еврејски тренер Рудолф Шпиц, кој ги води низ патот кон титулата шампион на Нацистичката фудбалска лига. Ова е приказна за основачот на клубот Димитрија, кој треба да избере меѓу својата љубов кон неговиот тим и неговата лојалност кон Новиот Поредок. Ова е приказна за неговиот најдобар напаѓач Коста, познат шверцер кој се вљубува со една убава богата девојка. Ова е приказната за Ребека, Еврејска принцеза на зрно грашок, која прифаќа со неа, во нејзината мала соба, да живее фудбалер (со тоа се измолкнува од горчливата судбина на нејзиниот народ). И најпосле - ова е приказна за фудбалот, игра што во тие страшни времиња е повеќе од игра: тој е бојно поле помеѓу Доброто и Злото!
Линк за трејлерот ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ