Врз основа на Законот за волонтерство (Сл. Весник на РМ бр. 85/07 и 161/08) Програмата за волонтирање со арх.бр. 03-1291/1 од 20.06.2012 година , донесена од Агенцијата за млади и спорт , Агенцијата има потреба од ангажирање на волонтери

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ВОЛОНТЕРСКА РАБОТА
Се повикуваат сите заинтересирани кандидати , да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Агенцијата за млади и спорт , и тоа:
- 5(пет) волонтери со завршен факултет од областа на општествените науки, предност ќе се смета искуство во реализирање на младински и спортски проекти
Волонтерската работа ќе биде во времетраење од 3( три ) месеци .
Сите заинтересирани кандидати покрај апликацијата треба да достават:
- Мотивационо писмо ( во кое ќе се наведат причините и мотивите за волонтирање)
- Кратка биографија ( со податоци за контакт)
- Доказ за завршено образование
Потребните документи треба да бидат доставени на следната адреса:
АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ
Ул. Франклин Рузвелт бр 34, Скопје
Со назнака ,, за јавен повик за ангажирање на волонтери,,
Рокот за доставување на документите е 5 (пет ) работни дена од денот на објавување на повикот.
Изборот ќе се изврши во рок од 5 (пет) работни дена . По завршувањето на постапката за избор на кандидати за волонтирање, избраните кандидати ќе бидат повикани за вршење на волонтерска работа.
Агенција за млади и спорт