Стипендија СПОРТСКА НАДЕЖ за 500 млади талентирани спортисти
Во насока на подобрување на можностите за развој на младите спортисти како темел за иден развој на македонскиот спорт, Агенцијата за млади и спорт, започнувајќи од 2008 година, доделува стипендија СПОРТСКА НАДЕЖ.
Стипендијата Спортска надеж претставува паричен надоместок која талентираните спортисти ја добиваат во текот на 10 месеци во годината во вредност од 20% од просечната плата исплатена во претходната година (4200 денари месечно).