Одржана едукативна спортска работилница на тема: „Одбојка“
Монтесори центарот со поддршка на Агенцијата за млади и спорт ја реализираше втората од предвидените десет едукативните спортски работилници. Работилницата се одржа на 10 ноември (сабота) во салата на одбојкарскиот клуб „Форца“ во населбата Тафталиџе, Скопје.