Агенција за млади и спорт почна со реализација на проектот „Пороците кај младата популација како алкохолот и дрогата“
На 26 ноември 2012 година, започна реализацијата на проектот Пороците кај младата популација како алкохолот и дрогата на територијата на општина Аеродром, во соработка со Клиниката за токсикологија, експерт по едукација на млади за превенција од употреба на дроги и алкохол и познати спортисти. Основното училиште Блаже Конески е првото училиште во кое беше одржана едукативна работилнинца заедно со учениците од 6-то одделение, кои внимателно и заинтересирано учествуваа во работилницата.