Нова спортска сала за УКИМ
На универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кај комплексот факултети денеска почна изградбата на нова спортска сала, со капацитет од 1.100 гледачи и под трибински простор, кој ќе биде искористен за теретана и фитнес
Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...
Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...
“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...
На универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кај комплексот факултети денеска почна изградбата на нова спортска сала, со капацитет од 1.100 гледачи и под трибински простор, кој ќе биде искористен за теретана и фитнес
Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција на која директорот Александар Пујовски, во својот вовед, нагласи дека не постојат зборови со кои може да се опишат токму таа чест и задоволство на кои најчесто се повикуваме во моментите кога државата ги наградува сопствените спортисти, тренери и спортски работници за придонесот и заложбата кои тие, со остварувањата во своите спортски кариери, ја создале во насока на развој на спортот во својата земја, вклучително за оние кои со своето делување и достигнувања во меѓународниот спорт ја промовирале и афирмирале Република Македонија во меѓународната сфера
Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, директорот на Агенцијата Александар Пујовски приреди прием за натпреварувачите придружени од претседателот на Кик бокс федерацијата на Македонија, г-ѓа Александра Неделковска, кои во рамки на неодамна одржаниот Светскиот КУП „Бихаќ 2013“ освоија 8 медали во две дисциплини
Федерацијата на Република Македонија за Бразилска Џиу Џица, Ве поканува утре (петок) 13.04.2013 година, во 12:00 часот, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, да присуствувате на прес-конферецијата по повод повеќе освоени медали од последните неколку турнири и купови
Агенцијата за млади и спорт денеска ќе донира спортска опрема во Заводот за деца и млади „Топанско Поле“.
Донацијата се состои од фудбалски, кошаркарски, одбојкарски и ракометарски топки, пинг понг маса и пинг понг опрема, шахови, домино, друштвени игри, дигитален апарат, камера и ЛЦД проектор.
Досега, Агенцијата за млади и спорт донираше спортска и друг вид опрема во Домот за деца без родители „11 Октомври“, Посебното основно училиште „Златен Сремац“, Заводот за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми „ 25 Мај“, како и за децата од основните училишта „Страшо Пинџур“ во село Крупиште, општина Карбинци и „Славчо Стоименски“ во село Градец, општина Виница.
Минатиов викенд тимот на "ROOTS BJJ Macedonia" предводен од председателот на Федерацијата за Бразилска Џиу Џица и главен тренер, Алексовски Ивица постигна уште еден успех. На турнирот во Белград каде што учествуваа околу 300 учесници од 8 земји освоивме 4 златни медали, 1 сребрена и 6 бронзени медали
Оваа година се навршуваат 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, значаен историски настан кој е вклучен во “Програмата на Собранието на Република Македонија за одбележување на значајни настани од нашата историја“ и за кој Град Скопје подготвува посебна програма наменета за одбележување на овој настан под мото СКОПЈЕ СЕ СЕЌАВА
На 15.04.2013 година (понеделник) во 12:00, во просториите на Агенција за млади и спорт, ќе се одржи прес конференција на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“.
Повод за свикување на пресот е објавувањето на Конкурсот за доделување на државната наградата „8 Септември“ во 2013 година.
Денеска, Агенцијата за млади и спорт донираше спортска опрема во ЈУ Завод за деца и млади „ Топанско Поле“, Скопје
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Александар Пујовски, утре (петок) 12.04.2013 година, во 14,00 часот во просториите на Агенцијата за млади и спорт, ќе ја прими Кик-бокс Репрезентација на Република Македонија по повод освоените осум медали на Светскиот куп во Бихаќ, Босна и Херцеговина.
Врз основа на Законот за волонтерство (Сл. Весник на РМ бр. 85/07 и 161/08) Програмата за волонтирање со арх.бр. 03-1291/1 од 20.06.2012 година , донесена од Агенцијата за млади и спорт , Агенцијата има потреба од ангажирање на волонтери
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ВОЛОНТЕРСКА РАБОТА
Македонската кик-бокс репрезентација освои осум медали, од кои по три златни и сребрени и два бронзени, на Светскиот куп што викендов се одржа во Бихаќ (БиХ)