Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје
Нашата метропола е домаќин на уште еден настан од светски ранг, ИТТФ челенџ турнир во пинг-понг за кадети и јуниори.
По тој повод, Агенцијата за млади и спорт организираше прес- конференција на која свои излагања имаа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, претседателот на Пинг-понг федерацијата на Северна Македонија, Горан Тиловски, како и претседателот на Светската пинг-понг федерација (ИТТФ) Томас Вајкарт.