Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Објавен Конкурсот за младински преставник во УО на РИКО

Објавен Конкурсот за младински преставник во УО на РИКО

На 27 август 2015 г. во рамки на Самитот за Западен Балкан одржан во Виена...

Прва работна средба на работната група за избор на младински преставник во ОУ на РИКО

Прва работна средба на работната група за избор на младински преставник во ОУ на РИКО

На 27 август 2015 г. во рамки на Самитот за Западен Балкан одржан во Виена...

Панел дискусија „Колку се почитуваат работничките права на младите во РМ?“

Панел дискусија „Колку се почитуваат работничките права на младите во РМ?“

Инфо центарот на ЕУ беше местото на одржување на панел дискусијата...

Работна средба со спортски работници и спортски федерации

Работна средба со спортски работници и спортски федерации

Денеска, Премиерот Зоран Заев заедно со директорот на Агенција за млади и...

Каевски ја предводи владината делегација од Агенцијата за млади и спорт на Форум за млади во Њујорк

Каевски ја предводи владината делегација од Агенцијата за млади и спорт на Форум за млади во Њујорк

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски имаше свое излагање...

  • Објавен Конкурсот за младински преставник во УО на РИКО

    Објавен Конкурсот за младински преставник во УО на РИКО

  • Прва работна средба на работната група за избор на младински преставник во ОУ на РИКО

    Прва работна средба на работната група за избор на младински преставник во ОУ...

  • Панел дискусија „Колку се почитуваат работничките права на младите во РМ?“

    Панел дискусија „Колку се почитуваат работничките права на младите во РМ?“

  • Работна средба со спортски работници и спортски федерации

    Работна средба со спортски работници и спортски федерации

  • Каевски ја предводи владината делегација од Агенцијата за млади и спорт на Форум за млади во Њујорк

    Каевски ја предводи владината делегација од Агенцијата за млади и спорт на...

Печати

ДЕН НА ДРВОТО со подршка на спортистите

вклучено . Објавено во Соопштенија

Јубилејната десетта кампања се движи во правец во кој се става акцент на спортистите кои оваа и изминативе години ги постигнаа најголемите успеси на спортско поле, како во екипните, така и во индивидуалните спортови.

Спортистите ги донесоа најголемите спортски успеси за Република Македонија и затоа во јубилејното дессето засадување тие се заштитниот знак за кампањата.

Спортски е да се сади.
За кого?! За Македонија!

Промотивната видео кампања можете да ја погледнете на следниот линк

https://www.facebook.com/photo.php?v=10151277439420318

 

 

Печати

Прес-конференција ЗЛАТЕН ГОНГ 2012

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска,(06.11.2012 година), во 10 часот и 30 минути во просториите на Агенцијата за млади и спорт, се одржа прес-конференцијата по повод 42-то издание на манифестацијата Златен гонг 2012. На прес-конференцијата учествуваа директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски, Бобан Блажевски, проф.д-р Војо Настевски, како и Живко Дуковски од организациониот одбор на ЗЛАТЕН ГОНГ.

Печати

Донација од страна на АМС за Домот за деца без родители "11 Октомври"

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска, 02.11.2012 година,  директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски, го посети Домот за деца без родители 11 Октомври.Целта на оваа посета беше донација на спортски реквизити, односно две пинг-понг маси, шест пинг-понг сетови, 36 пинг-понг топчиња, четири фудбалски топки, четири кошаркарски топки, по две ракометни и одбојкарски топки, два дигитални фото-апарати, една дигитална камера, шест шаховски табли, четири домино сетови, четири “Guess who adult” социјални игри, како и еден мини систем ДВД.

Печати

Континуирана обука за наставниците по физичко и здравствено образование, професорите по спорт и спортски активности од средното образование и оделенските наставници

вклучено . Објавено во Соопштенија

Наставниците по физичко и здравствено образование, професорите по спорт и спортски активности од средното образование заедно и оделенските наставници, ќе имаат серија обуки од страна на советниците од Бирото за развој на образование, Факултетот за физичка култура во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

Печати

Интервју со Александар Костоски - кошаркарски репрезентативец на Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

Интервју со Александар Костоски, кошаркарски репрезентативец на Македонија

Спортистите имаат само позитивни придобивки од трансформацијата на клубовите во АД

Костоски: Отворањето на Спортска академија во која се опфатени деца од 14 години е позитивен чекор, бидејќи многу млади таленти се откажуваат од спортот токму во тие пубертетски денови- вели Костоски

Зошто ја одбра токму кошарката?

Костоски: Мојата примарна љубов е фудбалот и првиот спорт кој почнав да го тренирам беше токму тој. Но, поради здравствени причини не можев да продолжам. Бидејќи сакав да се занимавам со спорт се одлучив за кошарката.Мојот татко има кошаркарско училиште и некако проценив дека тоа е спортот кој јас треба да го тренирам. Но, сеуште моја прва и најголема љубов е фудбалот.

Печати

Информација од Илина Арсова, претставник на Република Македонија на престижната програма за поттикнување на жени во разни спортски области која се одржа во САД

вклучено . Објавено во Соопштенија

Драги пријатели, почитувани поддржатели и обожаватели на природата и спортот. 

Штотуку се вратив од САД каде имав чест да бидам дел од една многу престижна програма за поттикнување на жени во разни спортски области.

Ова е краток извештај кој сакам да го споделам со вас:

Global Sport Mentorship program e програма на US Department of State, ESPN – најголемата спортска телевизиска мрежа во САД, во соработка со Универзитетот од Тенеси и „The Center for Sport Peace & Society“. 

Печати

Во четврток (08.11.2012год.) со почеток во 13.00 часот започнува семинарот "Допингот во спортот"

вклучено . Објавено во Соопштенија

Покана: СЕМИНАР – Анти-допинг

Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија Ве информира дека како дел од активностите за оваа година кои произлегуваат од Програмата за работа на Комисијата за анти-допинг при Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, предвидено е одржување семинар на тема – „Допингот во спортот“.

Печати

Интервју со Примислав Димовски, репрезентативец на македонската боксерска репрезентација

вклучено . Објавено во Соопштенија


Димовски: Златниот Гонг е вистински репрезент на боксот и на македонскиот спорт

Оваа година сум вклучен во жири комисијата и тоа навистина ме радува. Сакам и во иднина да бидам вклучен во организацијата на оваа манифестација бидејќи ЗЛАТНИОТ ГОНГ има вредности и претставува вистински репрезент не само на боксот, туку и на македонскиот спорт.

Печати

Отворен новиот центар за млади и невладини организации во општина Гази Баба

вклучено . Објавено во Соопштенија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски денеска (01.11.2012) присуствуваше на официјалното отворање на Центарот за млади и  невладини организации во општина Гази Баба. 

Печати

Доделено првото решение за училишен спортски клуб во Општина Аеродром

вклучено . Објавено во Соопштенија

Во просториите на Агенцијата за млади и спорт, директорот Лазар Поповски го предаде првото решение за регистрирање на првиот Училишен спортски клуб Ѓорѓија Пулески во општина Аеродром, на директорката на основното училиште г-ѓа Милка Тринчевска.

Печати

Успеси на Македонската Кендо репрезентација на Меѓународниот Кендо Куп Белград Опен

вклучено . Објавено во Соопштенија

На Меѓународниот Кендо Куп Белград Опен во конкуренција од 16 држави, Македонската Кендо репрезентација под водство на Кесковски Златко и Такакатсу Исхии Сенсеи освои 3 медали од кои сребро и бронза во Јуниорска конкуренција за Матеј Ивановски и Владимир Кесковски и бронза во сениорска конкуренција Менсур Бојда. Натпреварите продолзуваат утре во екипна конкуренција каде се очекува медал во сениорска конкуренција.

Печати

Настап на националниот кик бокс тим на Европското Првенство во Турција

вклучено . Објавено во Соопштенија

КИК БОКСИНГ ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА информира за учество на националниот тим на првиот дел од Европското првенство кое ќе се одржи во Анкара-Република Турција од 28.10 до 05.11.2012 год. Македонија ќе ја претставуваат следните репрезентативци во лоу кик, К1 и лајт контакт дисциплините од кик бокс спортот. 

K1 Бобан Лукач,Мики Ивановски

Лоу кик Ненад Манојловски, Аријанит Селими, Далибор Огненов, Димитар Георгиев

Лајт контакт Оливер Трпковски, Гордана Цветковска Бошевска, Адем Адеми, Благоја Петрушевски

Со репрезентацијата ќе патуваат и тренерите Тони Бошевски и Александар Стојковски , како и меѓународните судии Арбен Јонузи, Љупчо Стојчевски и Драган Атанасовски заедно со претседателката Александра Неделковска.

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија