Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски денеска е во...

Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко каевски се сретна со...

Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички приоритет

Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички приоритет

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски се сретна со...

Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, заедно со раководителот на...

Прием во АМС за македонските одбојкари

Прием во АМС за македонските одбојкари

Директорот на АМС, Дарко Каевски упати честитки до одбојкарите за освоеното...

  • Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

    Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

  • Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

    Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

  • Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички приоритет

    Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички...

  • Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

    Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

  • Прием во АМС за македонските одбојкари

    Прием во АМС за македонските одбојкари

Печати

Дружење со возрасните од пензионерскиот дом Аеродром

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска, во 12 часот, директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски, заедно со Заменик директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија,  г-ѓа Марија Којзеклиска, како и претставници на Шаховската федерација на Македонија го посетија пензионерскиот дом Аеродром.

Возрасните граѓани добија донација од шест табли, шест шахови, четири домина, како и четири шпила на карти.

За време на посетата пензионерите, заедно со младите одиграа неколку партии шах со директорот Поповски.

Печати

ЧЕСТИТКА ДО РАКОМЕТНИОТ КЛУБ МЕТАЛУРГ

вклучено . Објавено во Соопштенија

Почитувани ракометари на РК МЕТАЛУРГ,

Агенцијата за млади и спорт Ви ја честита победата против РК Шамбери од новата сезона на Лигата на шампионите.

Воедно Ви посакуваме овој победнички старт на почетокот на новата сезона, да Ве следи до крајот на сезоната и да Ви донесе освојување шампионска титула во Лигата на шампионите. 

Ви посакуваме од срце.

Печати

Раскинување на договорот за соинвеститорство со Општина Карпош

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт во врска со изградените “Две двојни тениски игралишта на кејот на реката Вардар” и “Карпа за спортско планинарење на кејот на реката Вардар” во Општина Карпош, Ве информира дека договорите за соинвеститорство за горенаведените спортските објекти потпишани со Општина Карпош се раскинуваат поради неисполнување на обврските од договорот од страна на Општина Карпош.

Печати

Започна реконструкцијата на спортската сала во Велгошти, Охрид

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт ја информира јавноста дека се започнати активностите за целосна реконструкција и добивање нов изглед на спортската сала. Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт обезбеди 20 милиони денари наменети за реконструкција на спортската сала во охридското село Велгошти.

Печати

Интервју со Зоран Бошковски-Чоко, асистент тренер, заменик селектор на фудбалската репрезентација до 21 година и член на Советот за спорт

вклучено . Објавено во Соопштенија

Бошковски-Чоко: Победничка селекција не се прави преку ноќ

Спортската академија е одличен проект, кој требаше да ни се случи многу порано. Се надевам и верувам во академијата, како и луѓето кои ја водат, дека ќе се изборат пред сите предизвици и за четири години ќе добиеме една здрава младинска репрезентација- вели Бошковски-Чоко

Печати

МТВ во чекор со врвните спортски ТВ канали

вклучено . Објавено во Соопштенија

Македонската телевизија го следи чекорот на врвните спортски телевизиски канали и утре за првпат во Македонија, но и на Балканот, на националниот сервис ќе можеме да проследиме комбиниран пренос од домашните фудбалски натпревари по теркот на бројни европски телевизии како Скај Спорт, кои комбинирано ги пренесуваат натпреварите од домашните шампионати.

Печати

ЧЕСТИТКА ДО КОШАРКАРСКИОТ КЛУБ МЗТ СКОПЈЕ

вклучено . Објавено во Соопштенија

Почитувани кошаркари на КК МЗТ Скопје,

Дозволете од името на Агенцијата за млади и спорт да Ви го честитаме успешниот старт во Јадранската лига.

Со првиот настап на македонски тим на ова големо натпреварување, уште еднаш се потврди јачината на македонската кошарка и македонскиот спорт.

Со победата против Цибона, покажавте како се игра со срце на терен.

Оваа победа против големата Цибона нека претставува почеток на новите победи во Јадранската лига.

Ви посакуваме од срце.

Печати

Oбезбедени маички и бесплатен влез за ученицитe спортисти кои во живо ќе ги проследат натпреварите од Првата фудбалска лига на Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт во координација со Фудбалската федерација на Македонија и Федерацијата за училишен спорт на Македонија ќе организира групно носење ученици спортисти на натпреварите од Првата фудбалска лига на Македонија. 

Воедно за учениците спортисти ќе бидат обезбедени маички
 и ќе биде обезбеден бесплатен влез на натпреварите. Со ова се обезбедува можност спортистите ученици во живо да ги проследат фудбалските натпревари и да бидат поблиску до своите спортски идоли од Првата фудбалска лига.

Печати

Интервју со Индира Кастратовиќ, поранешен капитен на женската ракометна репрезентација и тренер на ЖРК Вардар

вклучено . Објавено во Соопштенија

Кастратовиќ:  Да се биде професионален спортист го сметам за привилегија бидејќи тоа се едни од ретките луѓе кои го работат од се срце она што го сакаат и од тоа заработуваат.

Спортистот се гради преку натпреварувањето, затоа турнирите се најбитниот дел од креирањето на спортистот. Потребно е да создадеме повеќе клубови, кои ќе бидат финансирани од јаки спонзори, доколку сакаме врвни спортисти кои ќе се истакнуваат преку квалитетни лиги- вели Кастратовиќ

Печати

Сто деца, еден сон - да станат репрезентативци

вклучено . Објавено во Соопштенија

Веќе еден месец во средното фискултурно училиште успешно функционираат четирите специјализирани паралелки (академии) за фудбал, ракомет, кошарка и за тенис

Триесетина се. Имаат по 14 и 15 години. Испотени се, но неуморно трчаат во салата. Прават и вежби. Погледите им се вперени во тренерот. Тој, пак, е доста строг. Им кажува што да работат и тие слушаат. Никој не забошотува. Се потат, но не се даваат. На некои од нив веќе почнала да им се развива мускулатурата, а други, пак, се слабички. Но сите тие тренираат ракомет затоа што сакаат. Сите имаат еден сон - еден ден да играат во македонска репрезентација.

Овие ученици се најдоброто од Македонија. Сите се дел од ракометната спортска академија, која веќе еден месец функционира во средното фискултурно училиште. Освен академијата (паралелката) за ракомет, има и академија за тенис, за фудбал и за кошарка. За да стигнат меѓу најдобрите, морале да исполнат строги критериуми и да поминат на повеќе селекции. Уште од 1 септември сите деца што се од внатрешноста, бесплатно се сместени и се хранат во ученичкиот дом „Здравко Цветковски“. 

Печати

Посета на Агенцијата за млади и спорт од страна на младински работници од Европа

вклучено . Објавено во Соопштенија

Во периодот 18 до 27 септември, во рамките на програмата Млади во Акција, Здружението на граѓани за младински активизам КВАНТУМ од Скопје организира студиска посета на тема "Unemployed vs. employed tour". Посетата опфаќа 24 младински работници од 12 земји во Европа и тоа Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Италија, Чешка, Романија, Словенија и Холандија.

Печати

Меѓународен параглајдинг натпревар ГОСТИВАР ОПЕН 21-23 СЕПТЕМВРИ

вклучено . Објавено во Соопштенија

На меѓународниот натпревар учествуваа 50 тина натпреварувачи од АЛБАНИЈА, МАКЕДОНИЈА и КОСОВО. Повторно голем успех на членовите на ,,Параглајдинг клуб– Делта. 1-место БОРЈАН ЈОВАНОСКИ 2-место МИЛЕ ЈОВАНОСКИ 3-место КРИСТИЈАН ТЕМЕЛКОСКИ И без присуството на најдобриот македонски параглајдерист член на Параглајдинг клуб Делта Прилеп Мартин Јованоски, освоени се 1-првото и 2-второто место на овој меѓународен параглајдерски натпревар. Седумнаесетгодишниот Борјан Јованоски (стипендист на Агенцијата за млади и спорт) докажа дека Македонија има иднина во дисциплината прецизно слетуване и дека државата треба да вложи во овој спорт затоа што може да ни донесе многу успех во иднина во овој спорт. ПАРАГЛАЈДИНГ КЛУБ- ДЕЛТА - ПРИЛЕП

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија