
Од друга страна фудбалските содржини посебно во последно време претставуваат форма која профилира егзистенцијален и професионален начин на решавање на животните искушенија.
Земајки ги во предвид искуствата и резултатите од стратегискиот пристап на повеќе држави преку спортски дисциплини да го решат проблемот со галопирачките проблеми на појава на пороците, Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт инвестира во изградба на 50 Помошни фудбалски со средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
Со Заклучок на Вада на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт е задолжена помошните фудбалски игралишта да ги изгради во сопственост на Општините.
Проектот за помошните фудбалски игралишта се состои од: локација со димензии 120џ80 во која се вклучени фудбалски терен со димензии 105џ68 со пропратни објекти соблекувални, трибини, ограда и осветлување.
Проектот “50 Помошни фудбалски игралишта” е предвиден, дел е во изградба, а дел е веќе пуштен во употреба во следните општини:
- Аеродром
- Гази баба
- Ѓорче петров
- Илинден
- Сарај
- Берово
- Битола
- Босилово
- Валандово
- Василево
- Велес
- Врапчиште
- Гевгелија
- Гостивар
- Градско
- Желино
- Зајас
- Карбинци
- Кичево
- Крушево
- Лозово
- М.брод
- Могила
- Неготино
- Ново село
- Пертовец
- Прилеп
- Пробиштип
- Радовиш
- Ранковце
- Ресен
- Росоман
- Свети николе
- Старо нагоричане
- Струга
- Теарце
- Тетово
- Чешиново-облешево
- Чашка
- Штип