
Во борбата за бронзениот медал Спасеновски со 2-0 славеше против домашниот каратист Оз Мурат , а победникот беше решен во самиот финиш.
-Уште еднаш каратистите ја претставија Северна Македонија во најдобро светло и докажаа дека има иднина во младите карате натпреварувачи, а Карате федерацијата е на прав пат, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.
Шанса за медал имаше и македонската репрезенативка Вероника Костовска која изгуби во борбата за бронза од Французинката Лаура Сиверт, и заврши на одличното пето место.
За почит е и одличното седмо место за младиот машки ката тим.
Агенцијата за млади и спорт, согласно правилникот, ги категоризира успесите на освојувачите на бронзениот медал Петар Спасеноски, како и петото место на Вероника Костовска.
На пресот свои излагања имаа и селекторот во борби, Александар Кузмановски и Стојан Андриевски во кати.
